Свети Јован Златоуст

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Св. Јован Златоуст)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Јован Златоуст
Патријарх на Константинопол
Johnchrysostom.jpg
Свети Јован Златоуст
ЦркваКонстантинополска црква
Ракоположен398
Службата завршила404
ПретходникНектариј
НаследникАрзакиј
Лични податоци
ВероисповедПравославие
ЗанимањеЦариградски патријарх

Свети Јован Златоуст (347 - 407) - христијански светец, цариградски патријарх и црковен отец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Антиохија, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката филозофија, тој се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“

Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу драгоцени книги со неговите беседи.

Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиј (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест.

„Слава Му на Бога за сѐ!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]