Трајко Чундев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трајко Чундев.png
Роден 1896
Подлес, Велешко  Османлиско Царство
Починал 20 ноември 1948(1948-11-20) (воз. 52 г.)
Скопје,  СР Македонија,  Југославија


Трајко Стојанов Чундев (1896, Подлес – помеѓу 20 и 24 ноември 1948, Скопје) — македонски револуционер, деец на ВМРО и ММТРО.

Биографија[уреди | уреди извор]

Трајко (исто така и Трајчо или Трајче) Чундев е роден во 1896 година во велешкото село Подлес. Се приклучува во редовите на ВМРО после Првата светска војна. Станува близок соработник на Ванчо Михајлов и пробугарското крило на ВМРО. Се бори против српската прогаганда и влијиание врз Македонија. Раководел со нападот врз српската касарна во Велес. Учествува во основањето на Бугарскиот централен акционен комитет во текот на 1941 година. На 17 јануари 1943 година е избран за потпретседател на скопското здружение на Илинденската организација. На 2 август 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчински се одржува Првото заседание на АСНОМ. По иницијатива на Методија Андонов Ченто, во првото заседание на АСНОМ се покануваат исто така и дејци од пробугарското крило на ВМРО, меѓу нив и Трајче Чундев и Јордан Чкатров, да учествуваат во новата власт. Чундев учествува и во второто заседание на АСНОМ. Од Ченто бил исто така лично повикан да премине во Партизаните кога тој е претседател на Президиумот на АСНОМ.[1]

После тоа завземува одговорни функции во новосоздадената Народна Република Македонија во рамки на СФРЈ и учествува во комисијата за кодифицирањето на македонкиот јазик. Трајко Чундев жестоко се спротивставувал на србизацијата на македонскиот јазик, која е кодифицирана врз база на српската „Караџица“, по моделот на Вук Караџиќ („Пишувај како што зборуваш“). Чундев сметал дека македонскиот јазик морал да базира на старословенската азбука, основана од македонските словени Свети Кирил и Методиј, како и неговиот ученик Свети Климент Охридски. „Партизанските лекции” биле прочитани во село Горно Врановци, Велешко, каде во тоа време се навогјале АГИТПРОП на Главниод штаб и редакцијата на списанието „Млад Борец”, каде што се подготвувал и првиот број на весникот „Нова Македонија”. По нив имало дискусии по изнесените прeдлози. Уште се памети емоционалното, ама и документирано искажување на стариот ВМРО-деец Трајко Чундев, интелектуалец од Велес. Осврнувајки се кон тоа Чундев вели дека:

Србските букви се симбол на најцрното 20 годишно србско робство и на атската тиранија во Македонија.

Искажувањето на Трајко Чундев три години подоцна (кога целосно била уништена противсрбската линија во политичкиот врв на Југословенска Македонија) ќе го чини глава. Врз Чундев е донесена смртна пресуда и која била извршена. Според сведоштва на судскиот процес, најголемиот доказ за „неговата непријателска пропаганда и за ширење на омраза кон другите југословенски народи, односно србскиот”, бил неговиот личен дневник, пронајден при претресот на неговото живеалиште. Од дневникот јавниот обвинител Лазар Мојсов го истакнува токму оноа место, каде Чундев го опишал своето мислење према Блаже Конески, сторено во село Горно Врановци:

Со својата тврдоглава упорност, спазувајки ги добиените напатствија од своите претпоставени србски агенти, Конески силно се бори за целосно воведување на Вуковата азбука во Македонија. Тие отворени просрбски дејности тој ги има и подоцна – за време на “Првата јазична комисија” (27. XI. – 4. XII. 1944 год.39, ама без успех. А во “Втората јазична комисија” (15. II. – 15. III. 1945) 40 тој веке успева целосно да ги наложи. Во својот дневник Чундев запишал: “Еден студент, србоман од Прилеп (Блаже Конески), настојува србската азбука целосно да се прифати во Македонија. Тој или е будала или некој стои зад него...” (цитатот е според зборовите на жив учесник на судскиот процес).

Србокомунистичкиот суд ја имал во предвид револуционерната дејност на Чундев како член на ВМРО. Иако таа дејност била главна причина за осудувањето, иако имал потреба за поцврсти докази за противнародна дејност против југословенската федерација, судот ја искористил како аргумент препирката со студентот – србоман Конески. Спротивењето против србизирањто на Македонија се толкувало како реакционерно и антидржавно дејствие, кое водело до распалување на мегјунационална омраза во Југославија и за секој прекршител следувала смртна казна. Како многу други македонски револуционери и херои во тој временски период кои се спротивставувале на новата комунистичка власт и србизацијата, обвинет како бугараш[белешка 1] поради неговите ставови околу кодифицирањето на македонскиот јазик, по наредба на УДБА е осуден на смрт и застрелан помеѓу 20 и 24 ноември 1948 година на непознато место во Скопје.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. После 1945 година, терминот бугараш, како погрден збор, го употребуваат и комунистите од Македонија како етикета за сите десно ориентирани Македонци и противници на југословенската федерација. Многу македонски родољуби се убиени, затворани и испраќани на Голи Оток како бугараши, зедно со оние кои навистина себеси се чуствувале за бугари и работеле за бугарската кауза. Односно тогашната држава не правела разлика меѓу македонските патриоти и бугарофилите, и тенденциоозно македонците кои се залагале за самостојно работење биле нарекувани бугараши.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Документи од првото и второто заседание на АСНОМ, Александар Т. Христов, Новица Велјановски, Архив на Македонија, 1987 година, стр. 433
  2. „Осудени за ВМРО“. puls24.mk. 18 октомври 2016.