Настани во декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

1 декември


1918  Создадено Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
1991  Украинските гласачи со огромно мнозинство гласаат позитивно за независност од Советскиот Сојуз.
1995  Хавиер Солана е избран за генерален секретар на НАТО.
2018  Андрес Мануел Лопес Обрадор станува претседател на Мексико.


2 декември


1772  Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска.
1804  Наполеон Бонапарт е крунисан за император на Франција.
1805  Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа.
1942  Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
1946  По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Писодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци.
1956  Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.
1993  Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
1997  Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар.


3 декември


1942  Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација „Востаник“. Излегуваше до февруари 1943 година.
1967  Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата „Гроте Шур“, за првпат во историјата , е извршена успешна трансплатација на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена.
1993  САД отворија Канцеларија за врски во Скопје, а на чело на ова дипломатско претставништво е поставен Роберт Норман.
1997  Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги украсувале со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња.


4 декември


1993  На изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи „Св. Софија“, во Охрид, Митрополитот Повардарски Господин Михаил, е избран за поглавар на Македонската православна црква, станувајќи Господин Господин Михаил.
1993  Сооронбај Жеенбеков станува престедател на Киргистан.


5 декември


1492  Кристофер Колумбо во Карипското Море го откри островот Санто Доминго.
1848  Во цела Америка почна „златната треска“ откако американскиот претседател, Џемс Полк објави дека во Калифорнија е пронајдено злато.
1931  Црква на Исус Христос Спасителот во Москва беше уништен од страна наредба на Јосиф Сталин.
1997  Вулканот Безимјани на полуостровот Камчатка, на Рускиот Далечен исток, повторно е активиран, при што се формираше вулкански прав од осум до девет километри над земјината површина.


6 декември


1768  Објавено е првото издание на „Енциклопедија Британика“.
1897  Лондон станал првиот град во кој таксистите добивале дозволи за работа.
1917  Објавена е независноста на Финска.
1917  Во Експлозијата во Халифакс, во Канада, предизвикана од судир на бродови со муниција, загинале над 1900 луѓе и бил уништен поголем дел од градот.
1929  Во Република Турција, жените беа изедначени со мажите во поглед на правото на глас.
1941  Почна контраофанзивата на силите на Црвената армија против германските сили на фронтот пред Москва. На фронтот, широк 300 километри, беа пробиени германските линии. Нацистичките девизии беа прегазени или опколени, а подоцна разбиени.
1991  Распаѓање на СФРЈ: Во Хрватска, единиците на ЈНА го бомбардирале Дубровник по шестмесечна опсада.
2015  Во Ерменија одржан референдум, на кој народот изгласал земјата да стане парламентарна република, заменувајќи го доготашниот полупретседателски систем.


7 декември


43 п.н.е.  Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и филозофи на стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија.
1900  Макс Планк ги открил законите за црнотелесно зрачење.
1917  Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австро-Унгарија.
1941  Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД во Тихиот Океан.
1988  Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе.
1995  Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје.
2005  Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од Хашкиот трибунал, на Канарските Острови.


8 декември


883  Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот.
1914  Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе сфати дека наишол на многу голем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе.
1925  По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата „Мојата борба“, во која ја разработува националистичката фашистичко - расистичка идеологија на агресивниот германски национализам.
1948  Во Лерин три жени Македонки од селото Екши - Су, Леринско беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани.
1949  Во околината на градот Панаѓуриште (Бугарија) е пронајдено познатото Панаѓуришко богатство од златни предмети од стара Тракија (IV-III век п.н.е.).
1991  Во Токио, „Црвена ѕвезда“ го освоила Интерконтиненталниот куп, победувајќи го во финалето тимот на „Коло Коло“ со 3:0.
1994  Белгискиот министер за одбрана Лео Делкроа поднесе оставка поради обвинувањето околу финансирањето на една куќа што ја купил во јужниот дел на Франција.
1997  Двете најголеми швајцарски банки соопштиле дека се интегрираат, со што се формирала во тоа време најголемата банка на светот со вкупна актива од еден трилион долари.


9 декември


1824  Легендарниот латиноамерикански водач Симон Боливар во историската битка кај Ајакучо, во Перу ја порази шпанската војска.
1905  Во Франција со декрет е извршено одвојувањето на државата и црквата.
1940  Втора светска војна: Во Северна Африка почна офанзивата на VIII Bританска армија против германските окупациони трупи.
1961  Тангањика, поранешната британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 09.12.1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26.04.1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија.
1997  Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка.


10 декември


1868  Првите семафори биле поставени во Лондон. Ноќе биле осветлувани со зелена и црвена гасна ламба.
1901  Доделени се првите Нобелови награди.
1913  Познатата слика на Леонардо да ВинчиМона Лиза“ е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена.
1936  По само 325 дена на британскиот трон, Едвард VIII абдицирал за да може да се ожени со својата избраничка Волис Симпсон. Го наследил неговиот брат принцот Алберт, кој владеел како Џорџ VI, татко на кралицата Елизабета II.
1948  Генералното собрание на ОН ја усвоило Универзалната декларација за правата на човекот. По тој повод, овој ден се смета за Ден на човековите права.
1964  Познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир.
1991  Одржан е референдум за независност на Нагорно-Карабах.
1992  Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата сопруга, принцезата Дајана се разведоа. Нивното венчавање во катедралата Сент Пол на 29 јули 1981 година беше светски медиумски настан.


11 декември


1816  Индијана станува 19-та американска држава.
1937  Италија го напушта Друштвото на народите.
1941  Втора светска војна: САД им објавија војна на Германија и на Италија.
1941  Втора светска војна: Германија и Италија објавуваат војна на САД.
1946  Со одлука на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации основан е Меѓународниот фонд на ОН за помош на децата (УНИЦЕФ). Како најблагородна организација на ОН во 1965 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Седиштето на УНИЦЕФ е во Њујорк.
1958  Горна Волта (Буркина Фасо) ја објавува својата независност од Франција
1972  Американските космонаути и членови на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 17“ стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма „Аполо“.
1993  Во Скопје повеќе од 60 делегати младинци одржаа Основачко Собрание и ја конституираа организацијата „Млади социјалисти“, како подмладок на Социјалистичката партија на Македонија.
1996  Во Битола е одржано основачкото собрание на Националниот сојуз на студентите на Македеонија.
2008  Во Њујорк е уапсен Бернард Мадоф, човекот кој преку пирамидални инвестициски измами успеал да проневери скоро 65 милијарди долари од инвеститорите. Осуден е на 29 јуни 2009 г. на 150 години затвор без право на помилување.


12 декември


1642  Холандскиот морепловец Абел Тасман го открил островот Нов Зеланд, во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Нов Зеланд бил британска колонија од 1841 година, а британски доминион од 1907 година, кога влегол во составот на Британската заедница на народите како независна држава.
1963  Кенија се стекнала со независност и била прогласена за република во рамките на британскиот Комонвелт.
1979  НАТО дозволил инсталирање на ракети во Европа.
1997  Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн, на една аукција во „Сотби“, било продадено за 387.500 американски долари.
1997  Во Париз почнало судењето на Карлос Шакалот, „професионален револуционер“ од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирез Санчез. Тој бил обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 1970-те и 1980-те години.


13 декември


1294  По пет месеци по изборот, папата Целестин V абдицирал за да се посвети на испосништвото. Тоа е единствен случај на абдикација на папа.
1545  Започнал Соборот од Тренто, XIX вселенски собор на католичката црква, кој со прекини траел 18 години.
1642  Холандскиот морепловец Абел Тасман бил првиот европеец кој стигнал до Нов Зеланд.
1992  На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.
1995  Генералното собрание на ООН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на нуклеарните проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби.


14 декември


1782  За прв пат полетал балонот на браќата Монголфје.
1911  Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот.
1955  Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации.
1964  Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје.
1994  Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ.
1995  Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија.


15 декември


1891  Ковчегот со посмртните останки на Наполеон Бонапарт бил положен во „Домот на инвалидите“ во Париз, по 19 години од неговата смрт на островот Св. Елена.
1891  Џејмс Нејсмит им ја претставил на своите ученици првата верзија на кошарката, со по девет играчи и корпи на земја.
1941  Греманските војници погубиле над 15.000 Евреи во Дробицки Јар, близу до Харков, денешна Украина.
1945  Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржал својот прв симфониски концерт.
1946  Во Скопје започнале првите предавања на Филозофскиот факултет — наследник на стариот скопски филозофски факултет (во склоп на Белградскиот) и прв факултет при Универзитетот во Скопје, денес „Св. Кирил и Методиј“.
1961  Судот во Ерусалим го осудил на смрт нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, одговорен за смртта на повеќе стотици илјади невини цивили во Втората светска војна.
1994  По едномесечна политичка криза, Џон Брутон станал нов премиер на Република Ирска.
1999  Борис Трајковски ја презел должноста Претседател на Република Македонија.


16 декември


1946  Започнува со работа новиот Филозофски факултет во Скопје — првиот факултет во Македонија на македонски јазик и првата високошколска установа на на идниот Скопски универзитет.
1993  Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУ - Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска - воспоставија целосни дипломатски односи со Република Македонија.
1945  Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.


17 декември


1538  Папата Павле III го екскомуницирал Хенри VIII од католичката црква. За возврат, Хенри ја укинал неговата јурисдикција и го иницирал осамостојувањето на Црквата на Англија.
1577  По налог на кралицата Елизабета I, Франсис Дрејк отпловил од Плимут, Англија, на тајна мисија да го истражи пацифичкиот брег на Америка.
1903  Во Северна Каролина, во САД, браќата Рајт го извршиле првиот лет со машина потешка од воздухот.
1970  Работничките протести во Полска против покачувањето на цените на храната биле крваво задушени со пукање во протестантите од војската и полицијата, при што загинале околу 40 луѓе, а стотици биле ранети.
1991  Турција, ги призна сите советски републики, кои прогласија независност.
1993  Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.
1989  Емитувана е првата епизода на „Симпсонови“.
2005  Република Македонија доби статус на кандидат за членка на Европската Унија.
2004  Избрана владата на Република Македонија, предводена од Владо Бучковски.


18 декември


1828  Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, при што загинаа 30.000 луѓе.
1958  Лансиран SCORE, првиот комуникациски сателит во орбита околу Земјата
1965  Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија.
1970  Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква.
1994  Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ.
1865  Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави.
1956  Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации.
1941  Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави - сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници се до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот.
1942  Бугарската полиција ги открива и апси членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија народните херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур (кои подоцна на ѕверски начин се убиени). Во истата акција запленета и печатницата на ПК КПЈ за Македонија „Гоце Делчев“.


19 декември


1940  Како врховен командант на Вермахтот, Адолф Хитлер ја потпиша Директивата бр. 1, за напад на Советскиот Сојуз, позната во историјата на како „План Барбароса“.
1942  Во манастирот Св. Никола во с. Прилепец, прилепско, во борба против бугарската окупаторска војска и полиција, откако беа предадени, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“. Борбата на Прилепец, претставува легенда за херојството на македонските партизани во борбата за слобода.
1991  На патот Скопје - Белград загина Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија.
1997  Во Индонезија се урна авион „Боинг 737“ на сингапурската авиокомпанија „Силк ер“, кој летал од Сингапур за Џакарта. Во несреќата загинаа 104 лица.


20 декември


1582  По неколку други европски земји, и во Франција е воведен Грегоријанскиот календар, со прескокнување на 10 дена, и сметајќи го денот по 9 декември како 20 декември.
1830  Учесниците на Лондонската конференција, на која беа застапени Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија, се согласија за одделување на Белгија и Холандија, по востанието што го кренаа Белгијците, за да формираат независна држава.
1994  Непопусливоста во разговорите меѓу руското и чеченското раководство доведе до жестоки борби во главниот град на Чеченија, Грозни и до стотици загинати невини граѓани.
1902  Француските научници Марија и Пјер Кири лабараториски издвоија нов елемент - радиум што го открија уште во 1898 година. Тие тогаш, само утврдија дека радиумот постои, но беа потребни низа години голема работа, трпеливост и самооткажување додека, Марија Кири успеа лабараториски да ги издвои чистите честички на радиумот. Во 1903 година Марија и Пјер Кири ја добија Нобелова награда за физика.


21 декември


1991  Во Минск, БССР формирана е Заедницата на независни држави.
1994  Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југо-источниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека, откриените мумии се стари 800 години.
1994  Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангел. Ракетата „Топол-М“, претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.
1968  Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината космичкиот брод „Аполо 8“ со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година, успешно се спушти на Земјата.
1945  Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, костурско. Идниот ден во селото Калевишта, костурско на ѕверски начин беа убиени.


22 декември


1514  Диего Веласкес де Куељар го основа градот Тринидад во Куба.
1808  Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена.
1849  Во последен миг е откажана егзекуцијата на Фјодор Достоевски.
1943  Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго.
1999  Основана е Либералната партија на Македонија.
2008  Фрчковски е осуден за клевета, навреда и омаловажување на Груевски, изнесени во колумна во весникот Дневник.


23 декември


1888  Винсент ван Гог си отсекол делче од левото уво.
1944  Во Скопје излезе првиот број на весникот „Бирлик“ на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија.
1947  Откриен е транзисторот, кој физичарите Џон Бардин, Волтер Братин и Вилијам Шокли го развиле во лабораториите Бел во САД.
1991  Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин.
1993  Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.


24 декември


563  Базиликата Света Софија во Константинопол, по два пожари и три земјотреси во кои била два пати целосно и уште два пати делумно уништена, била повторно изградена и осветена од патријархот Евтихиј.
1294  Избран е папата Бонифациј VIII, по абдикацијата на Св. Целестин V.
1943  Претседателот на САД, Франклин Рузвелт соопшти дека, Двајт Ајзенхауер ќе командува со силите за време на инвазијата на Европа, окупирана од германските сили.
1951  Либија стана независна држава и се организира како уставно кралство со собрание и сенат. Идриз I се прогласува за крал на Либија.
1974  Во Велес е основан аматерскиот драмски театар „Јордан Хаџи Констатинов - Џинот“.
1993  Илјадници луѓе станаа бездомници, откако од Франција, па се до делови на Украина, се забележани најголемите поплави во ова столетие.
1999  Малиот Принц од Антоан де Сент Егзипери е прогласена за „книга на XX век“ во Франција.


25 декември


800  Папата Лав III во Рим го крунисува франкискиот владетел Карло Велики за Свет римски цар, титула што ја носеле германските монарси сè до времето на Наполеон Бонапарт.
1066  Во Вестминстерската катедрала во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам I.
1688  Во Франција пребегал Јаков II, последниот англиски крал од династијата Стјуарди, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера.
1717  Се случила катастрофалната „Божиќна поплава“ — северозападна бура, што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечерта воочи Божиќ. Во поплавата се удавиле вкупно 14.000 лица.
1741  Шведскиот физичар Андерс Целзиус ја создаде скалата од 100 степени за мерење на температурата - Целзиусова скала.
1776  Генералот Џорџ Вашингтон ги префрлил силите со кои командувал преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападнал германските платеници кои во Американската војна за независност се бореле на страната на Британците.
1903  Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.
1914  Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни
1926  Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот Јошихито.
1943  Министерството за надворешни работи на Велика Британија во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот — партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“. Меѓутоа, ова не ма да важи за македонските партизани од ДАГ во Егејска Македонија, кои подоцна ќе бидат гонети.
1971  Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе.
1979  Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата.
1989  Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење.
1991  Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин.
1991  Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“.
1995  На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан.
1995  Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица.
1997  На Куба за прв пат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба.
2000  Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе.
2003  При падот на патничкиот авион „Боинг 727“ во Атланскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата.
2003  Звездан Јовановиќ го призна убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.


26 декември


1805  По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде Рајнскиот Сојуз, сателитска држава на Франција.
1898  Пјер и Марија Кири го откриле радиоактивниот елемент радиум.
1942  Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.
1943  Во селото Мрежичко, Мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници.
1945  Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа.
1991  Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на преседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој „атомското копче“, му го предаде на Борис Елцин.
2003  Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе.
2004  Катастрофален земјотрес со јачина од 9,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот Океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во современата историја.
2012  Шинзо Абе по втор пат станува Премиер на Јапонија.


27 декември


1938  Во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле.
1945  Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
1949  Холандската кралица Јулијана потпиша документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.
1979  Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.
1992  Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“.
1993  Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“ што ги погоди јужните Филипини.


28 декември


1895  Во Париз, во просториите на „Гранд кафе“, браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите „подвижни слики“ во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.
1908  Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.
1943  Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот баталјон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеал поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и Демир Капија.
1944  Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1944  Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1995  Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено „Скипер“, сопственост на Универзитетот во Јута, САД.
1997  Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ „Свети Ѓорѓи“ и „Пресвета Богородица“, во мелбурншкото предградие Епинг.


29 декември


1943  Во местото Провањеница, во атарот на селото Канарево, кумановско, бугарската војска и полиција стрелала осум луѓе од селото Орах, еден од селото Канарево и еден од селото Длабочица. Притоа 77 луѓе од селото Орах биле интернирани во Бугарија.
1944  Основана Македонската стопанска банка.
1992  Долниот дом на холандскиот Парламент донесол одлука за признавање на Република Македонија.
1993  Владите на Полска и на Република Македонија донесле одлуки за воспоставување дипломатски односи во ранг на вонредни и ополномоштени амбасадори.
1993  Исланд и на Република Македонија воспоставиле дипломатски односи.
1997  Во Хонгконг започнало систематско санитарно колење на целокупната популација на кокошки (1,25 милиони), за да се спречи ширењето на птичјиот грип.


30 декември


1911  Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија - Куоминтанг.
1943  Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија.
1949  Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар. Формиран е под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман.
1964  Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој - УНКТАД.
1996  Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставија дипломатски односи.
2006  Над поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин била извршена смртна казна за злодела против човештвото.


31 декември


1941  Во Струга, спроти новата 1942 година е испеана познатата песна „Денес над Македонија се раѓа" — денешната химна на Република Македонија.
1946  Донесен е првиот Устав на Народна Република Македонија.