Целзиусов степен
од Целзиусов степен | во Целзиусов степен | |
---|---|---|
Целзиус | [°C] = [K] − 273,15 | [K] = [°C] + 273,15 |
Фаренхајт | [°F] = [K] × 9⁄5 − 459,67 | [K] = ([°F] + 459,67) × 5⁄9 |
Ранкин | [°R] = [K] × 9⁄5 | [K] = [°R] × 5⁄9 |
Целзиусовата скала (Celsius) е скала за изразување на температура. Го носи името на нејзиниот изумител, шведскиот астроном Андерс Целзиус (1701 — 1744). Целзиусов степен (°C) е одредена температура на Целзиусовата скала, а самата мерна единица што го изразува тој интервал се нарекува целзиус (со мали букви)[1]. Сè до 1948 единицата се нарекувала центиград (од лат. centum = „сто“ и gradus = „степен“[2]).
Од 1744 до 1954, 0 °C се сметале за точка на мрзнење на водата, а 100 °C за нејзината точка на вриење, обете при притисок од една стандардна атмосфера. Иако овие определници се застапени во образованието и денес, единицата „Целзиусов степен“ и Целзиусовата скала по меѓународен договор денес се дефинираат според две точки: апсолутната нула и тројната точка на водата[3]. Оваа дефиниција дава прецизен сооднос помеѓу скалите на целзиусот и келвинот, која пак е основна единица на SI за термодинамичка температура (симбол: K). Апсолутната нула, коај е хипотетичка и недостижна температура при која материјата има нулта ентропија, се дефинира како точно 0 K и −273,15 °C. Температурната вредност на тројната точка на водата изнесува точно 273,16 K и 0,01 °C.[4]
Со оваа дефиниција, величината на Целзиусовиот степен и Келвинот се утврдени како точно 1 дел од 273,16 (прибл. 0,00366) на разликата помеѓу апсолутната нула и тројната точка на водата, така израмнувајќи ги величините на двете единици. Покрај ова, дефиницијата ја утврдува разликата помеѓу нултите точки на двете скали како точно 273,15 Целзиусови степени (−273,15 °C = 0 K и 0 °C = 273,15 K).[5]
Позастапени температури
[уреди | уреди извор]Еве некои температури што почесто се среќаваат и нивните вредности на трите најзастапени скали.
Келвин | Целзиус | Фаренхајт | |
---|---|---|---|
Апсолутна нула (точно, по дефиниција) |
0 K | −273,15 °C | −459,67 °F |
Точка на вриење на течен азот | 77.4 K | −195,8 °C[6] | −320,3 °F |
точка на топење на сув мраз | 195,1 K | −78 °C | −108,4 °F |
точка на топење на H2O (прочистен мраз) [7] |
273,15 K | 0 °C | 32 °F |
Тројна точка на водата (точно, по дефиниција) |
273,16 K | 0,01 °C | 32,018 °F |
Телесна температура | 310,15 K | 37,0 °C | 98,6 °F |
Точка на вриење на водата при 1 атм (101.325 kPa) (приближно) |
373,1339 K | 99,9839 °C | 211,971 °F |
Споредба на скали
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „целзиус“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ „центиград“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ се работи за посебно подготвена вода со кратенка VSMOW
- ↑ „SI - Брошура, поднаслов 2.1.1.5“. Меѓународно биро за тегови и мерки. Посетено на 9 мај 2008. (англиски)
- ↑ „Најважното од SI: Основни и изведени единици“. Посетено на 9 мај 2008. (англиски)
- ↑ Lide, D. R., ed. (1990–1991). Handbook of Chemistry and Physics. 71st ed. CRC Press. p. 4–22.
- ↑ Точката на мрзнење на прочистената вода изнесува 0,000 089(10) Целзиусови степени.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Дефиниции на основните единици: Келвин“ - NIST (англиски)
- „SI - Брошура, поднаслов 2.1.1.5, Единица за термодинамичка температура“ - МБТМ (англиски)
|
|