Ранкинов степен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Формули за претворање на Ранкинов степен
од Ранкинов степен во Ранкинов степен
Целзиус [°C] = [K] − 273,15 [K] = [°C] + 273,15
Фаренхајт [°F] = [K] × 95 − 459,67 [K] = ([°F] + 459,67) × 59
Ранкин [°R] = [K] × 95 [K] = [°R] × 59

Ранкинов степен (°R) — интервал на термодинамичката (апсолутна) температурна скала, наречна Ранкинова скала по нејзиниот изумител, шкотскиот инженер и физичар Вилијам Џон Ранкин, кој ја осмислил во 1859 г.

Симболот за ранкин (како име на единица, со мали букви) е °R[1] (или °Ra ако има потреба да се разликува од ремерот и реомирот). Како и кај Келвиновата, нулата на Ранкиновата скала означува апсолутна нула, со тоа што Ранкиновиот степен е еднаков на фаренхајтот, наместо на целзиусот. Температурата од −459,67 °F е еднаква на 0 °R.

Некои инженерски гранки во САД ја мерат термодинамичката температура на Ранкиновата скала.[2] Меѓутоа научниците во целиот свет мерат во келвини.[2] Националниот институт за стандарди и технологија не ја препорачува употребата на ранкинот заедно со неговите стандарди.[1]

Еве некои температури на Ранкиновата сакала:

Келвин Целзиус Фаренхајт Ранкин
Апсолутна нула
(по дефиниција)
0 K −273,15 °C −459,67 °F 0 °R
Точка на мрзнење на водата[3] 273,15 K 0 °C 32 °F 491,67 °R
Тројна точка на водата
(по дефиниција)
273,16 K 0.01 °C 32,018 °F 491,688 °R
Точка на вриење на водата[4] 373,1339 K 99,9839 °C 211,97102 °F 671,64102 °R

Споредба на скали[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 B.8 Factors for Units Listed Alphabetically - Guide for the Use of the International System of Units (SI), NIST Special Publication 811, 2008 edition, Ambler Thompson and Barry N. Taylor
  2. 2,0 2,1 http://www.physorg.com/tags/temperature/
  3. Точката на мрзнење на прочистената вода изнесува точно 0,000089(10) Целзиусови степени - вид. Magnum, B.W. (1995). „Reproducibility of the Temperature of the Ice Point in Routine Measurements“ (PDF). Nist Technical Note. 1411. Посетено на 11 февруари 2007.
  4. Стандардна прочистена вода VSMOW при една стандардна атмосфера (101,325 kPa)

Поврзано[уреди | уреди извор]