Куна (ISO 4217: HRK, симб. kn; бројчен код: 191) е официјална валута на територијата на Република Хрватска. Името потекнува од истоименото животно, бидејќи куната имала значајна употреба во средновековието на територијата на Хрватска.
Хрватските банкноти се воведени за првпат во 1941 во следните вредности:10, 50, 100, 500 и 1000 куни. Банкнотите биле печатени во Германија. Исто така, банкнотите биле користени и од партизанските движења.
Модерните куни биле воведени во 1994 година, после транзиционен период кога југословенскиот динар бил заменет со хрватскиот динар. Тогаш една куна била еднаква на 1000 динари. Куната е поделена на 100 липи, именувани според истоименото растение.
Изборот на името било доста контраверзно за голем број на граѓани. Една куна е приближно еднаква на 7,8 македонски денари.