29 декември (настани)
Изглед
| 1943 | Во местото Провањеница, во атарот на селото Канарево, кумановско, бугарската војска и полиција стрелала осум луѓе од селото Орах, еден од селото Канарево и еден од селото Длабочица. Притоа 77 луѓе од Орах биле интернирани во Бугарија. |
| 1944 | Основана Македонската стопанска банка. |
| 1992 | Долниот дом на холандскиот Парламент донел одлука за признавање на Република Македонија. |
| 1993 | Владите на Полска и на Република Македонија донеле одлуки за воспоставување дипломатски односи во ранг на вонредни и ополномоштени амбасадори. |
| 1993 | Исланд и на Република Македонија воспоставиле дипломатски односи. |
| 1997 | Во Хонгконг започнало систематско санитарно колење на целокупната популација на кокошки (1,25 милиони), за да се спречи ширењето на птичјиот грип. |