Прејди на содржината

Адолф Ајхман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адолф Ајхман
Адолф Ајхман
Родено имеАдолф Ајхман
Починал31 мај 1962(1962-05-31) (возр. 56)
Рамла, Израел
Држава Трет Рајх
Род Schutzstaffel
Чин SS-Obersturmbannführer (Lt. Colonel)
Службен бројНСДАП #889,895
СС #45,326
ЕдиницаРајхсзихерхајтсхауптамт
Битки/војниВтора светска војна
Сопружник/циВера Лебл
Потпис

Адолф Ајхман (19 март 1906 – 31 мај 1962) бил нацистички офицер од Гестапо и еден од главните организатори на Холокаустот.

Ајхман бил задолжен за координација на планот за истребување на милиони луѓе во времето на Втората светска војна, посебно Евреи. Освен тоа, тој ја организирал депортацијата на Евреите во логорите, а поради ова честопати бил познат како Главен егзекутор на Третиот Рајх.

Операција Гарибалди

[уреди | уреди извор]

По крајот на Втората светска војна, тој по грешка бил пуштен на слобода од страна на американските трупи. По неколку неуспешни обиди да биде фатен, нашол засолниште во Аргентина под името Рикардо Клемент. Сè до 1957 година не се знаело каде се наоѓа, додека неговиот син Ник не се спријателил со девојката Силвија, чиј татко Лотар Херман го преживеал холокаустот. Лотар почнал да се сомнева во младиот Ајхман и му испратил писмо на својот пријател, исто така, преживеан во холокаустот, Фриц Бауер, обвинител во Германија. Бауер ги информирал Израелците и по истрагата на агентот на Мосад Цви Ахарони ја лоцирал куќата на семејството на Ајхман на улица „Гарибалди“ во главниот град на Аргентина и се вратил со фотографии на Ајхман. Израелски форензичари ги споредиле ушите до детали на секоја фотографија и, конечно, го потврдиле идентитетот на злосторникот.

Вечерта на 11 мај во 1960 година група седуммина луѓе го фатиле Ајхман на автобуска станица на која секоја ноќ пристигнувал од работа од фабрика на „Мерцедес“. „Кога се симнал од автобусот, агентот Цви Малкин скокнал на него, ставајќи му во уста ракавица да го спречи да голтне апче со цијанид во случај ако имал скриен во заб“, рекол Авнер. Двајца агенти помогнале да го внесат Ајхман во автомобил во кој го чекал Ахарони, велејќи му: „Ако се помрднеш, ќе те стрелам в глава. Ајхман одговорил на германски: ’Ја прифаќам својата судбина‘“.

Потоа бил држен во скривница девет дена додека не бил префрлен со авион на израелската авионска компанија „Ел Ал“, со која стигнала израелска делегација на прославата на 150-годишнина на Аргентина. Бил облечен во униформа на „Ел Ал“ и седел во прва класа, а бил претставен како член на делегацијата на кого му се слошило. Операцијата била толку таинствена што дури и дипломатот Аба Ебан, кој подоцна станал шеф на дипломатијата на Израел, не знаел дека Ајхман бил во авионот и дека поради тоа се одложувало неговото враќање во Израел[1].

Судење и погубување

[уреди | уреди извор]

На судењето на Ајхман во Ерусалим сведочеле јавно повеќе од сто Евреи кои ги преживеале ужасите во логорите на смртта. Тие го обелодениле ужасниот план за страшниот обид за „конечно решение“.

Ајхман бил осуден за воени злосторства и злосторства против човештвото и бил обесен наредната година.

  1. „Мосад раскажа како го улови Ајхман“. Посетено на 2012-11-11.