7 декември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
43 п.н.е.  Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и филозофи на Стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија.
1900  Макс Планк ги открил законите за црнотелесно зрачење.
1917  Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австроунгарија.
1941  Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД во Тихиот Океан.
1988  Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе.
1995  Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје.
2005  Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од Хашкиот трибунал, на Канарските Острови.