8 декември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
883  Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот.
1914  Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе сфати дека наишол на многу голем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе.
1925  По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата „Мојата борба“, во која ја разработува националистичката фашистичко - расистичка идеологија на агресивниот германски национализам.
1948  Во Лерин три жени Македонки од селото Екши - Су, Леринско беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани.
1949  Во околината на градот Панаѓуриште (Бугарија) е пронајдено познатото Панаѓуришко богатство од златни предмети од стара Тракија (IV-III век п.н.е.).
1991  Во Токио, „Црвена ѕвезда“ го освоила Интерконтиненталниот куп, победувајќи го во финалето тимот на „Коло Коло“ со 3:0.
1994  Белгискиот министер за одбрана Лео Делкроа поднесе оставка поради обвинувањето околу финансирањето на една куќа што ја купил во јужниот дел на Франција.
1997  Двете најголеми швајцарски банки соопштиле дека се интегрираат, со што се основала во тоа време најголемата банка на светот со вкупна актива од еден билиони (1012) долари.