14 декември (настани)
Изглед
1782 | За првпат полетал балонот на браќата Монголфје. |
1911 | Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот Пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот. |
1955 | Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации. |
1964 | Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје. |
1994 | Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ. |
1995 | Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија. |