Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија - Куоминтанг.
Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија.