21 декември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1991  Во Минск, БССР формирана е Заедницата на независни држави.
1994  Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека, откриените мумии се стари 800 години.
1994  Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесецк, во северниот регион Архангел. Ракетата „Топол-М“, претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.
1968  Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината вселенскиот брод „Аполо 8“ со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година, успешно се спушти на Земјата.
1945  Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкати, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, костурско на ѕверски начин беа убиени.