Ден на човековите права

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ден на човековите права
Ден на човековите права
Лого на човековите права, претставено во Њујорк на 23 септември 2011 г.
Го празнува(ат)Земјите-членки на Обединетите нации
Почнува1948; пред 72 години (1948)
Датум10 декември
ПрославаОбединети нации

Ден на човековите права — годишен празник кој се прославува низ светот на 10 декември секоја година.

Датумот бил одбран во чест на прифаќањето и одобрувањето на Универзалната декларација за човековите права од страна на Генералното собрание на ООН на 10 декември 1948 година во Париз[1], прв глобален документ за човекови права и едно од првите големи достигнувања на новите Обединети нации. Официјалното создавање на овој ден се случило на 317. пленарен состанок на Генералното собрание на 4 декември 1950 година, кога Генералното собрание ја донело резолуцијата 423(V), поканувајќи ги сите земји-членки и секоја друга заинтересирана организација да го слави денот како што тие сметаат најдобро.[2][3]

Денот вообочаено е одбележуван од политички конференции од висок ранг и состаноци, како и од културни настани и изложби за проблемите со човековите права. Дополнително, на 10 декември традиционално се доделуваат наградата за човековите права на Обединетите нации и Нобеловата награда за мир. Многу владини и невладини организации активни во полето на човековите права, исто така, организираат специјални настани во чест на денот, како и многу други граѓански и општествени организации.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по правата и достоинството“. Академик (mk-MK). 2015-12-10. конс. 2019-12-10. 
  2. Генерално собрание на ООН Седница бр. 5 Resolution 423(V). A/RES/423(V) 4 December 1950. посет. 29 октомври 2009 г.
  3. Office of the High Commission for Human Rights (2009). „The History of Human Rights Day“. конс. 29 October 2009. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]