24 декември (настани)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
563 | Базиликата Света Софија во Константинопол, по два пожари и три земјотреси во кои била два пати целосно и уште два пати делумно уништена, била повторно изградена и осветена од патријархот Евтихиј. |
1294 | Избран е папата Бонифациј VIII, по абдикацијата на Св. Целестин V. |
1943 | Претседателот на САД, Франклин Рузвелт соопшти дека, Двајт Ајзенхауер ќе командува со силите за време на инвазијата на Европа, окупирана од германските сили. |
1951 | Либија стана независна држава и се организира како уставно кралство со собрание и сенат. Идриз I се прогласува за крал на Либија. |
1974 | Во Велес е основан аматерскиот драмски театар „Јордан Хаџи Констатинов - Џинот“. |
1993 | Илјадници луѓе станаа бездомници, откако од Франција, па се до делови на Украина, се забележани најголемите поплави во ова столетие. |
1999 | Малиот Принц од Антоан де Сент Егзипери е прогласена за „книга на XX век“ во Франција. |