Тане Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тане Николов
Тане Николов
Роден9 март 1873(1873-03-09)
Хасково, Отоманско Царство (денешна БугаријаБугарија)
Починал19 јануари 1947(1947-01-19) (возр. 73)
Асеновград, Република Бугарија)

Тане Николов Жеков — бугарски револуционер, учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и воjвода на ВМОРО, а потоа станал водач на Внатрешната тракиска револуционерна организациjа.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тане Николов со воjводи од ВТРО (1922).
Тане Николов во Скопjе во 1941 г.

Роден е на 9 март 1873 година во Хасково, Османлиско Царство, денеска во Бугарија. Учел во родниот град и потоа во воена служба.

Во 1902 година ја напуштил армијата со чин подофицер. Во август 1902 година станал четник во четата на Константин Антонов. Од 1903 година станал самостоен војвода.

За време на Илинденското востание раководил со чета во Западна Тракија каде останал и по востанието. Во 1906 година се префрлил во Леринско.

Во 1907 година бил назначен за војвода во Прилепско и Велешко каде успеал да ги прогони четите на Јован Бабунски и Глигор Љамев. Според комитата Крсте Јанчески, Тано Николов бил присутен во подножјето на Ножот, каде заедно со војводскиот совет, решиле да го избегнат судрувањето со турската војска. Пратиле курири да им соопштат истото на 54 четници кои ја завзеле позицијата Ножот предводени од Атанас Попов од Шестово, дека треба да се повлечат, на што овие момци им одговориле, дека таа одлука нема да им ја почитуваат и дека тука дошле да се борат и да загината достоинствено.[1][2]

По битката бил назначен за ревизор на сите чети во Западна Македонија. Во 1908 година бил делегат на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО како делегат на Битолскиот округ.

После Хуриетот, на 24 септември 1908 година во Солун Тане Николов извршил атентат врз Јане Сандански, при обид да ја исполни смртната пресуда врз Сандански која била издадена од страна на Конгресот.

Тане Николов учествувал со своите чети во Балканските војни во Македонија. За време на Првата светска војна се вклучува во Единаесеттата пешадиска македонска дивизија. Во пролетта 1917 година учествува во задушувањето на Топличкото востание во Србија.

По Првата светска војна создал Внатрешна тракиска револуционерна организација коjа била активна во Западна Тракиja. Во 1924 година се повлекол од револуционерната дејност во Асеновград.

Починал на 17 јануари 1947 година во Асеновград.[3][4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јанчески, Крсте. „Сведоштвото од учесник во битката на Ножот“.
  2. Динев, Ангел (1987). Илинденска епопеја II. Битола: Мисла. стр. 129–130.
  3. Таню Николов (1873-1993). Научна конференция. Доклади и съобщения, Хасково, 1993.
  4. Печилков, Андрей. Таню Николов, Смолян 1993.
  5. Бурулянова, Даниела. Войводата Таню Николов – царят на Родопа, во: Сборник „Международна конференция 90 години Балканска война“, Кърджали 2002, стр. 458-470.