Георги Грчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1885
Кратово,  Османлиско Царство
Починал 30 јануари 1912(1912-01-30) (воз. 27 г.)
Чичево,  Османлиско Царство


Георги Иванов Грчев (1885, Кратово30 јануари 1912, Долно Чичево) — македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Георги Грчев е роден 1885 година во Кратово, тогаш под Османлиското Царство. Во 1911 година завршува Школа за резервни офицери и го стекнува чинот подпоручник. Се приклучува во редовите на ВМОРО после смртта на Мирчо Велешки во 1911 година. Станува велешки војвода на организацијата и ја продолжува битката против српската пропаганда и нејзините чети во Македонија. Убиен е од спахии во јануари 1912 помеѓу селата Чичево и Подлес, Велешко.[1][2]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Аврамов, Стефан Н. „Революционни борби в Азоть (Велешко) и Поречието“, Материали за историята на македонското освободително движение, книга X, Македонски научен институтъ, София 1929, стр.184.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 39.