Мирчо Атанасов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден Трстеник (Светиниколско),  Османлиско Царство
Починал 18 декември 1911
С’лп,  Османлиско Царство


Мирчо Атанасов или известен како Трстенички и Велешки[1] (с. Трстеник (Светиниколско)18 декември 1911, С’лп, Велешко) — македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Поглед кон велешкото село С'лп

Мирчо Атанасов е роден во светиниколското село Трстеник, тогаш под Османлиското Царство. Влегува во ВМРО и станува четник во Светиниколско. Во септември 1911 година Мирчо Велешки станува самостален велешки војвода. Во декември 1911 година во селото С'лп пристигнала четата на велешкиот војвода на ВМРО Мирчо Атанасов, која по предавството од србоманскиот поп Андон во селото, влегла во судир и започнала борба со турскиот аскер во која на крајот војводата со пет четници за да не паднат живи во непријателските раце се самоубиле.[2]. Овој настан и подвиг е опеан меѓу народот преку народната песна „Мирчо Велешки“[3] Како негов заместник е испратен подпоручник Георги Грчев.

Песна за Мирчо Велешки[уреди | уреди извор]

македонски

Бае Мирчо чета води,
Гори, полја тој преоди!,
Па е стигнал у село Слп,
Слпани го издадоа,
Един верен од четници,
Му викаше на бае Мирча:
„Ајде, Мирчо, да бегаме,
Ни сардиса потерата,
Потерата клети турци!”,
Се извика бајо Мирчо:
„Не бојте се, бре, четници,
Сос вас оде храбри Мирчо,
Храбри Мирчо, војводата!?”
Дури речта не изрече,
Достасале клети турци,
Па говорјат на бај Мирча:
„Предај ни се млади Мирчо,
Оти жив ќе те фанеме!”
Викна Мирчо, провикна се:
„Ој ви вие мои четници,
Ајде скоро се спремајте,
Да идеме над селото,
Над селото у скалите.
Там фанали метеризи,
И се биа до зај-сл'нце.
Ногу турци там паднаа.
Проговарјат четниците:
„Ој ти Мирчо, млади Мирчо,
Се свршие патроните,
Кажи сега што да чинем?”
Провикна се храбар Мирчо:
„Еј другари, мои другари,
Остајте си и за вази.
И за вази един фишек,
Тука да се избиеме,
Нема да се предадеме!”.
Па се сите изтепале,
В турски раце не се дале.
Бајо Мирчо чета води,
Гори, полја тој преоди!

оригиналната верзија (пред кодификацијата)

Бае Мирчо чета води,
Гори, поля той преоди!
Па е стигналъ у село Сълбъ,
Сълбени го издадоа,
Единъ вѣренъ отъ четници,
Му викаше на бае Мирча:
„Айде, Мирчо, да бѣгаме,
Ни сардиса потерата,
Потерата клети турци!”,
Се извика байо Мирчо:
„Не бойте се, бре, четници,
Сосъ васъ оде храбри Мирчо,
Храбри Мирчо, войводата!?”
Дури речьта не изрече,
Достасале клети турци,
Па говорятъ на бай Мирча:
„Предай ни се млади Мирчо,
Оти живъ ке те фанеме!”
Викна Мирчо, провикна се:
„Ой ви вие мои четници,
Айде скоро се спремайте,
Да идеме надъ селото,
Надъ селото у скалитѣ.
Тамъ фанали метеризи,
И се биа до зай-слънце.
Ногу турци тамъ паднаа.
Проговарятъ четницитѣ:
„Ой ти Мирчо, млади Мирчо,
Се свършие патронитѣ,
Кажи сега що да чинемъ?”
Провикна се храбъръ Мирчо:
„Ей другари, мои другари,
Остайте си и за вази.
И за вази единъ фишекъ,
Тука да се избиеме,
Нема да се предадеме!”.
Па се сите изтепале,
Въ турски раце не се дале.
Байо Мирчо чета води,
Гори, поля той преоди.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.66
  2. Аврамов, Н. Стефан. „Револуционерните борби во Азот (Велешко) и Поречието“. Макавеј, Скопје, 2008. стр. 148
  3. Аврамов, Н. Стефан. „Револуционерните борби во Азот (Велешко) и Поречието“. Макавеј, Скопје, 2008. стр. 148