Разлика помеѓу преработките на „Александар Турунџев“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
Бот: Поправа пренасочувања
с (r2.7.1) (Робот: Додава en:Aleksandar Turundzhev)
с (Бот: Поправа пренасочувања)
| починал-место = {{починал во|Битола|Македонија|Отоманска Империја}}
| починал-причина =
| познат = војвода на [[Македонска револуционерна организација|ТМОРО]]
| занимање =
| сопружник =
==Првите години==
 
Тој роден е во [[1872]] година во с. Екши Су ([[Горно Врбени]]), Леринско. Во редовите на [[Македонска револуционерна организација|ТМОРО]] се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода.
 
За време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.
[[Податотека:Besenje na Turundžev.jpg|мини|десно|240п|Бесењeто на Турунџев]]
 
По одлуката за кревање востание на [[Солунски конгрес од 1903 година|Солунскиот]] и нејзиното потврдување на [[Смилевски конгрес|Смилевскиот конгрес]], на Турунџев му била доверена обврската да го доорганизира сопственото село и да го подготви за востанието.
 
Кога завршил со воената обука на своите соселани од најразлични возрасти, но главно на возраст од 20-25 години нагоре, Турунџев со сите нив, околу 230 лица опфатени со обуката, организирал на неколкупати талим (маневра) со тоа што во импровизираните судири меѓу востаниците и аскерот учествувал по една половина од вкупниот број.
 
За време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во Леринско била запазена директивата на [[Смилевскиот конгрес|Смилевски конгрес]] за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствувале четите, а селаните останале во своите села. Вкупно биле мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.
 
Османските војсководачи изработиле детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во [[Битола]] донеселе одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на [[14 ноември]] [[1903]] година.
 
Неговото присуство не ги исплашило членовите на [[Македонска револуционерна организација|ТМОРО]] во легендарното Екши-Су ([[Горно Врбени]]), ниту пак ја запрела организационата дејност на легендарниот син на селото Александар Турунџев, кој почна со обнова на револуционерната мрежа во својот реон, станувајќи се популарен, особено по ревизионата посета на реонот од страна на [[Даме Груев]], врховниот командант за време на Илинденската револуција и неговата верна сенка, бескомпромисниот револуционер - [[Ѓорѓи Сугарев]].
 
== Смрт==
758

уредувања

Прегледник