Атанас Алексов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Атанас Алексов (Волковија, Тетовско, 1888 - Павлешенци, Кумановско, 1905) бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Атанас Алексов е роден во 1888 година во тетовското село Волковија, тогаш во Османлиската империја. Влегол во ВМОРО и делувал како четник кај војводата Иван Наумов - Алабакот. Загинува во 1905 година во борба кај кумановското село Павлешенци [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.103