Павле Наумов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павле Наумов
Роден 1883
Ораовец, денес Република Македонија
Починал ?

Павле Наумов е македонски револуционер, кичевски реонски војвода на ВМОРО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Српски превод на писмото што војводата Павле Наумов им го испратил на луѓето од село Тополчани, во кое вели дека не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку Македонци. (Битола, 28 јануари 1907)

Павле Наумов е роден во 1883 година во велешкото село Ораовец, тогаш дел од Османлиското Царство. Брат е на војводата Иван Наумов Алабакот. Како член на ВМОРО, учествувал во Илинденското востание во 1903 година, во реонот на Крушево.

По востанието, заминал во Бугарија, а во Македонија се вратил како четник во мај 1904 година. Бил ранет во една битка, и заминал на лекување во Софија. Во Македонија повторно се вратил со четата на војводата Крсто Љондев. Присуствувал на конгресот на ВМОРО на Битолскиот револуционерен округ во 1907 година. Од конгресот бил назначен за реонски војвода на Организацијата во Кичевско.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 199.