Стефан Мешков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стефан Мешков
Роден 1884
Охрид, Османлиско Царство
Починал 9 јули 1904
Горно Ѓуѓанци, Османлиско Царство

Стефан Мешков наречен Маврото[1], е македонски револуционер, ресенски војвода на ВМОРО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мешков е роден во 1884 година во Охрид, во Османлиското Царство, денес Република Македонија. Бил војвода на чета од селото Евла, Ресенско, за време на Илинденското востание. По востанието, Мешков заминува за Кнежевство Бугарија. Во текот на месец јули таа година, се приклучил како четник кај Славејко Арсов.

Стефан Мешков загинал на 9 јули 1904 година во судир со турската војска во месността Горно Ѓуѓанци, Кратовско.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.91
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. Софија, 2001, стр. 103.