Тодор Јаковов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Stefan Yakovov Tetovo IMARO.JPG
Роден 10 мај 1881
Тетово
Починал 12 мај 1938
Софија,  Бугарија


Тодор Стефанов Јаковов нерекуван Расим[1] (Тетово, 10 мај 1881 - Софија, 12 мај 1938) — македонски револуционер, деец на МРО и тетовски војвода.

Биографија[уреди | уреди извор]

Јаковов е роден на 10 мај 1881 година во Тетово. Во1902 година убил некој турски убиец и побегнал во планина. За време на Илинденското востание пренел 25 коња, натоварени со оружје, во реонот на војводата Иван Наумов Аљабакот и постанал негов четник. До 1906 година останал во четата на Иван Наумов и учествувал во битките кај Павлешенци, Крапа и Ореше.Потоа постанал помошник војвода кај скопскиот војвода Васил Аџаларски, но во 1907 година го напуштил скопскиот крај. Подоцна постанал самостоен војвода во Тетовско, каде се борел против српската пропаганда.

За време на Првата балканска војна бил определен за војвода на чета во Кривопаланечко, но четата бил расформирана и тој се вклучил во Македонските доброволни чети, каде служел во првата чета на вториот скопски баталјон.[2] Участвувал во битката кај Шаркој како командир на вод и бил тешко ранет за време на десантот од 26 јануари 1913 година. По војната се утврдил во Софија и преживувал со ситен занает.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 82
  2. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 647.
  3. Илюстрация Илинден, март 1937 г., бр. 83, стр. 11.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 194.