Ангел Чалаков: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10: Ред 10:
}}
}}


'''Ангел Керезов Чалаков''' бил македоно-одрински револуционер, деец на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]].
'''Ангел Керезов Чалаков''' бил македонски револуционер (од бугарско потекло), деец на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], учесник во македонското револуционерно движење, кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.


==Биографија==
==Биографија==

Преработка од 00:54, 13 јули 2017

Ангел Чалаков
македонски револуционер
Роден(а)Свиленград, Бугарија
Починал(а)11 март 1901
Љубимец, Бугарија

Ангел Керезов Чалаков бил македонски револуционер (од бугарско потекло), деец на Македонската револуционерна организација, учесник во македонското револуционерно движење, кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Биографија

Чалаков е роден во 1865 година во Свиленград, тогаш во Отоманската империја. Завршува основно образование и втор прогимназијален клас во родниот град и станува учител. Од 1883 до 1887 година учителствува во Ново село, Одринско, потоа две години во селото Кемал, а потоа во Узункпријско и од 1891 до 1893 година во Димотика, еден од центрите на грцизмот во Тракија. Во 1894 година станува учител во родниот град.

Влегува во МРО веднаш по основањето на организацијата во 1894 година и станува член на револуционерниот комитет во Свиленград. Во 1897 година, следен од властите, емигрира во Бугарија и од 1898 до 1899 година е раководител на пограничниот комитет на МРО во селото Хебибчево, Хасковско, денес град Љубимец, и таму организирал испраќање на чети, курири и други. Во 1900 година е делегат на Харманлиското друштво на VІІ македонски конгрес.[1] Умира од туберкулоза во 1901 година.

Наводи

  1. Билярски, Цочо. Княжество България и македонският въпрос, т.1. Върховен македоно-одрински комитет 1895 - 1905 (Протоколи от конгресите), Българска историческа библиотека, 5, Иврай, София, 2002, стр. 169.