VІІ македонски конгрес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Седмиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија со својата работа започнал на 30 јули и заседавал до 5 август 1900 година.

Делегати и работа[уреди | уреди извор]

На овој когрес присуствувале 91 делегат, а меѓу нив биле и Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Седмиот конгрес констатирал дека причините за недоразбирање помеѓу ТМОРО и Врховниот Македонски Комитет (Врховен македонско-одрински комитет) лежат во:

различноста на програмите и во духот на дејците[1]

Од една страна бил ВМК, кои се залагал првенстевено за дипломатија, и неговата програма повеќе наликувала како да произлегува од:

некави државни задачи на Бугарија, и се става не само во унисон туку и во зависност од неа [2]

Решенија[уреди | уреди извор]

На седмиот конгрес била покрената расправа со цел за да се дојде до согласие во програмите на двете организации и биле донесени следните начела:

1. Македонското движење по својата природа е масовно.

2. Тоа не е и не може да биде дело на политиканти дипломати.

3. Автономијата на Македонија не треба да се поврзува со таа на кнежеството поради некакви идни комбинации.[3]

Врз овие начела кои биле прифатени од конгресот дошло до промена на уставо - статутарните акти на ВМК. Со новиот устав организацијата го менува своето име во Врховен Македонско - Одрински Комитет.

Меѓутоа VІІ македонски конгрес само ги ублажил , но не ги остранил противречностите ... Напротив. Тие се продлабочиле и усложниле [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. К.Пандев, Националноослободително движење во Македонија и Тракија од 1879-1903,Софија,1979,220.
  2. К.Пандев, Националноослободително движење во Македонија и Тракија од 1879-1903,Софија,1979,220.
  3. К.Пандев, Националноослободително движење во Македонија и Тракија од 1879-1903,Софија,1979,221.
  4. Д. Димески, Гоце Делчев...,108.