Прејди на содржината

VІ македонски конгрес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Шестиот македонски конгрес на македонските друштва се одржал во Софија во месец мај 1899 година.

Заседание, делегати и работа

[уреди | уреди извор]

На овој конгрес учествувале 42 делегати и 34 друштва. На конгресот отворено се дискутирало за подготовка и кревање на востание во Македонија[1].

Поранешниот трговски агент Димитар Ризов истакнал дека ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) при себе треба да има воено одделение и да ги слуша советите и укажувањата на специјалистите.

Ризов притоа истакнал дека револуцијата без бугарската влада и Русија не би имала успех во Македонија.

Во тој поглед на конгресот Г. Капчев истакнал дека ослободувањето на Македонија зависи од Големите сили.

Наспроти ваквите ставови Антон Бозуков истакнал дека ослободувањето може да се изведе со сопствени сили и тоа со неколку последователни востанија.

Ризов сметал дека треба да се крене едно но добро подготвено востание [2].

Меѓу другото Димитар Ризов предложил двајцата задгранични претставници на ТМОРО, Гоце Делчев и Ѓорче Петров да влезаат во Комитетот за да дојде до обединување на ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) и ТМОРО во една организација.

Неговиот предлог бил отфрлен.

На крајот од конгресот Димитар Благоев предложило создавање на Балканските соединети држави, но и неговиот предлог бил отфрлен.[2]

Решенија

[уреди | уреди извор]

Конгрес за претседател на ВМК бил избран Борис Сарафов неговиот избор поминал без опозиција [3].

Во новиот комитет влегле и Тома Давидов - потпретседател, Вл. Ковачев-секретар, Георги Петров - касиер и дваца членови-советници А. Бозуков и д-р Шопов [4].

Конгресот го избрал Александар Радев за претставник на ВМК на Првата конференција на мирот во Хаг[5]. Тој требало да стапи во контакт со ерменската организција Трошак и заедно да го покренат македонското и ерменското прашање.

  1. К.Пандев,националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903,Софија,1979,217.
  2. 2,0 2,1 К. Пандев,националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903,Софија, 1979, 217.
  3. Ѓорче Петров, Спомени. Коресподенција...,119.
  4. К.Пандев,националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903,Софија,1979,219-220.
  5. .Д.Димески, Гоце Делчев..., 105.