Љубимец

Координати: 41°50′40.19″N 26°4′51.7″E / 41.8444972° СГШ; 26.081028° ИГД / 41.8444972; 26.081028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубимец
Любимец
град
Зградата на општината
Зградата на општината
Љубимец is located in Бугарија
Љубимец
Љубимец
Местоположба на Љубимец во Бугарија
Координати: 41°50′40.19″N 26°4′51.7″E / 41.8444972° СГШ; 26.081028° ИГД / 41.8444972; 26.081028
ЗемјаБугарија
ОбластХасково
ОпштинаЉубимец
Управа
 • ГрадоначалникАнастас Анастасов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна57,374 км2 (22,152 ми2)
Надм. вис.&1000000000000005600000056 м
Население (2022)
 • Вкупно7,192
 • Густина130/км2 (320/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код6550
Повик. бр.+359 03751
Мреж. местоlyubimets.bg

Љубимец (бугарски: Любимец) е град во Бугарија кој се наоѓа во југоисточниот дел од земјата, недалеку од границата со Турција и Грција. Градот е административен центар на истоимената општина во Хасковската област. Има население од околу 7200 жители.

Градот се наоѓа на важен транспортен коридор. Низ неговата периферија минуваат автопатот Марица и главната железничка пруга Софија - Пловдив - Истанбул. Се наоѓа во плодната Горнотракиска Низина каде што е добро развиено земјоделството. Во бугарската популарна култура, името на Љубимец често се поврзува со одгледување лубеници и се нарекува „главен град на лубениците“.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите информации за постоењето на населбата се од 1573 година, кога се споменува под името Хебибче во патописите на Австриецот Јакоб фон Бецек. Подоцна населбата била позната под името Хебебџе или Хебибчево. Според историски извори од 1688 година, во селото имало поштенска станица и пункт за менување коњи на османлискиот пат од Одрин до Харманли. Во 1906 година селото било преименувано во Љубимец, превод на турското Хебиб,[1] а од 1969 година селото има добиено статус на град.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бонев, Боньо (2007). „Сплотеност и тачене на традицията“. Везни. 7: 29–30. ISSN 0861-606X. no-break space character во |pages= во положба 3 (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]