Говрлево
Говрлево | |
Запуштени куќи во Говрлево | |
Координати 41°55′58″N 21°20′38″E / 41.93278° СГШ; 21.34389° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Сопиште |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25059 |
Надм. вис. | 527 м |
Говрлево на општинската карта Атарот на Говрлево во рамките на општината | |
Говрлево на Ризницата |
Говрлево — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Каршијак, на јужните падини на планината Водно и источно од реката Треска во долината и сливното подрачје на Маркова Река. Селото е ридско, на надморска височина од 527 метри. Сместено е на источното подножје на ридест предел чија почва е богата со цементен лапорец, поради што цементарницата „Усје“ има отворено ископ и рудник за цемент во непосредната близина на селото. Соседни села се Света Петка, Соње, Чифлик, Барово и Осинчани.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 280 жители христијани (Македонци).[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 25 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 76 мажи христијани, со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 174 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 244 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Говрлево живееле 280 жители, сите Македонци[5].[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Говрлево имало 264 Македонци[5], под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 513 жители.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[9]
Во 1961 година имало 513 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 24 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото имало 30 жители, од кои 28 Македонци и 2 Срби.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 400 | 501 | 521 | 513 | 290 | 124 | 47 | 24 | 30 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Говрлево е македонско село.
Во Говрлево отсекогаш па сѐ до денес живеат исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:[15]
- Староседелци: Блажовци (11 к.), Ѓоргијовци (6 к.), Лонгуровци (3 к.), Јанковци (4 к.), Спереловци (2 к.), Аврамовци (1 к.), Ѓоровци (6 к.), Акетовци (2 к.), Газиновци (1 к.), Бебешковци (1 к.) и Ивановци (7 к.),
- Доселеници: Скендеровци (7 к.) доселени се од селото Жировница во сливот на реката Радика околу 1810 година. Се доселиле двајца роднини Скендер и Алил, Скендер во Говрлево се вратил во православие, а Алил, не сакал да живее меѓу православни и се преселил во Света Петка; Шкоровци (8 к.) доселени се од селото Зркле во Порече. Во Зркле живееле тројца браќа, еднаш во нивната куќа дошол Турчин арамија, кој се заседнал како гостин со денови, и сакал да го служи сестрата на браќата, браќа го убиле Турчинот, и околу 1820 избегале од Порече. Основачот на овој род се населил во Говрлево, вториот брат отишол во Љубош, па од таму во Долно Лисиче (Ѓокевци 7 к.), а третиот отишол во Скопска Црна Гора (некои мислат во Бањане); Манушовци (2 к.) доселени се од Козарево, сега раселено село во атарот на селото Света Петка; Николовци (1 к.) ништо не знаат за своето потекло; Богдановци (6 к.) исто така не знаат од каде се доселени; Ѓурчевци (3 к.) доселени се од Ботушје во Порече; Крстевци (3 к.) доселени се од селото Јаболци, каде биле староседелци; Џеповци (1 к.) доселени се од Осинчани, овој род по машка линија е изумрен, па сега се продолжува само со домазетовци; Поречановци (2 к.) доселени се од Пуста Брезница, подалечно потекло од Порече.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Цркви
- „Св. Трифун“
- „Св. Илија“
- „Св. Троица“
- „Св. Петар и Павле“
- „Св. Марина“
- „Св. Ерина“
- „Св. Недела“
- „Св. Петка“
- „Св. Кузман и Дамјан“
- „Св. Никола“
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[16]
- Градиште — утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска базилика;
- Манастириште — средновековна населба и некропола;
- Св. Илија - средновековна црква;
- Церје — населба од неолитското време.
Иселенишво
[уреди | уреди извор]Селото е напуштено во текот на 60-тите и 70-тите години на 20-от век, како последица на познатите миграции село-град, во кои луѓето ги напуштале селата во потрага по полесен начин на издршка и вработување во фабриките во Скопје, поради што најголем број жители се иселиле во приградските населби и села Горно Лисиче, Пинтија, Припор, Драчево. Сосема мал број жители се останати во селото, воглавно старци.
Личности
[уреди | уреди извор]- Благица Павловска — македонска фолк-пејачка
- Тодорче Божиновски — одборник на МЗ
- Ване Мирчевски (1922-1946) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Санде Цветановски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ 5,0 5,1 Македонците биле забележани како Бугари.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име:0
. - ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Филозофски факултет. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 368. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Говрлево на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Говрлево на Карти на Гугл
|