Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Говрлево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Кузман и Дамјан
македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба

Карта

Место Говрлево
Општина Сопиште
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Кузман и Дамјан
Изградба 1936
Архитектонски опис

Свети Кузман и Дамјан е малечка црква во скопското село Говрлево. Во неа се наоѓа извор со лековита вода. За настанокот на оваа црквичката изградена 1936 година се поврзува со една легенда, во која не некој човек му се сонило дека на местото каде што извира водата треба да се изгради црква, додека со водата луѓето требало да си ги лечат болестите. Една легенда вели дека уште во 6 век, Јустинијан Први тука го нашол лекот за својата болест[1].

На неколку метри од црквичката се наоѓа уште една чешма. Луѓето ја нарекуваат „вода за подмладување“, оти како што се раскажува, благодарение на водите, овде луѓето најчесто умираат од старост.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Говрлевци бараат одговорност за продажбата на светиот рид“. Утрински Весник. Посетено на 2010-05-11.