Церје (Говрлево)
„Церје“
| |
Местоположба | 41°55′57″N 21°21′44″E / 41.93250°N 21.36222°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Говрлево |
Општина | Сопиште |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |

Церје — археолошко наоѓалиште кај скопското село Говрлево. Претставува населба од неолитското време и се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, помеѓу Чифличка Река од исток и Церешка Река од запад.[1]
Населбата е случајно откриена во 1981 г. а од 1982 г. започнале систематски ископувања. Во длабокиот културен слој е пронајдена повеќеслојна населба со шест хоризонти на живеење. Најстариот хоризонт (I) е од времето на раниот неолит, напореден на праисториската култура Анзабегово-Вршник I, хоризонтите II-IV се од средниот неолит, напоредни на Анзабегово-Вршник II-IV, а последните два хоризонти се од доцниот неолит, идентични на културата Зелениково II.[1]
Откриени се три куќи за живеење, од дрво и кал, со димензии од 4,5 × 4,5 м, поделени на две простории.
Позначајни наоди
[уреди | уреди извор]Адам од Македонија
[уреди | уреди извор]Во 2000 г. во Церје ова место археологот Милош Билбија пронашол исклучително реалистична фигурина на машко торзо големо културно значење, која ја нарекол „Адам од Македонија“ (позната и како Адам од Говрлево), и за која се смета дека датира од VI милениум п.н.е. Денес артефактот се чува во Музејот на Град Скопје.
Древно писмо
[уреди | уреди извор]На наоѓалиштето е се откриени и артефакти со знаци налик на глаголицата, но кои сѐ уште не се дешифрирани.[2] Некои овие знаци ги сметаат за едно од најстарите писма на светот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Препорачана литература
[уреди | уреди извор]- Фиданоски, Љубо (2012). Церје - Говрлево и Милош Билбија. Скопје: Музеј на Град Скопје. ISBN 978-608-233-018-1.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 369. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Обид за смисловно толкување на писмото од Церје и други стари натписи во Македонија
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Неолитска населба Церје - Говрлево Архивирано на 25 јули 2020 г., Музеј на Град Скопје
- Група автори (2017). Фиданоски, Љубо (уред.). Скопје пред 8 милениуми. 1, Најстарите градители од Церје - Говрлево. Скопје: Музеј на Град Скопје. ISBN 978-608-233-069-3.CS1-одржување: користи параметар authors (link)