Свети Митрофан Цариградски
Митрофан Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарси | |
Црква | Римокатоличка црква, Православна црква |
Ракоположен | 306 |
Службата завршила | 314 |
Претходник | Проб |
Наследник | Александар |
Лични податоци | |
Вероисповед | христијанство |
Живеалиште | Цариград |
Занимање | светец |
Свети Митрофан Цариградски — христијански светец и Цариградски патријарх во периодот од 306 до 314 година.
Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегнал од Рим како христијанин и отишол во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит Дометиј станал епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по кончанието на овој, престолот епископски го зазел Митрофан. Кога Константин Велики првпат го виде Митрофан, според христијанската традиција, го засакал како татко[1].
Во времето на Првиот вселенски собор Митрофан бил на 117 години, па не можејќи самиот да земе учество во работите на Соборот за свој заменик го одредил хороепископот Александар. Царот му го дал чинот Патријарх, станувајќи прв Цариградски патријарх. Кога царот го запрашал кого би го сакал за наследник на патријаршискиот престол, Митрофан го посочил Александар, а потоа му рекол на Александар Александриски: „О брате, пресветол наследник ќе оставиш ти!“ И го зел за рака архиѓаконот Атанасиј, подоцна Свети Атанасиј Велики, патријарх Александриски, и го пофалил пред сите. По ова пророштво се простил со сите и по десет дена ја предал душата на Бога, во 325 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски“. Посетено на 6 јануари 2011.
Претходник Проб |
Епископ на Византион 306–314 |
Наследник Александар |