Вангел Будина
Изглед
| Вангел Будина | ||
| Роден | 1870
Габреш, Битолски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 1908 (возр. 37–38) Ланга, Битолски Вилает, Османлиско Царство | |
Вангел Будина — македонски револуционер од влашка народност, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во 1870 година во селото Габреш, Костурско. Бил комита во четата на Васил Мутафов со која учествувал во Мелничкото востание 1895 година. Се вратил во Костурско и во 1898 година и бил комита во четата на Коте Христов од Руља, потоа кај војводата Васил Чекаларов, и накрај во четата на Митре Влаот. По 1903 година дејствувал како војвода во Леринско и Костурско. 1908 година бил опколен од турска војска во една куќа во селото Ланга, и после целодневна борба кога му завршила муницијата, се самоубил.