Фотиј II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фотиј II (грчки: Φώτιος Β΄) бил Вселенски патријарх од 7 октомври 1929 сè до 26 декември 1925.

Животопис[уреди | уреди извор]

Се родил во 1874 и бил крстен Димитриос Манијатис. По завршување на основното образование тој го посетувал Зарифијското училиште во Филипол (денешен Пловдив). Изучувал теологија во Атинскиот универзитет и филозофија во Минхенскиот универзитет. Говорел на Грчки, Турски, Француски, Германски и Бугарски јазик.

Во 1902 бил именуван за ѓакон. Останал во Митрополијата на Филипол каде што го достигнал чинот „Протосинкел“. Потоа бил назначен за егзаршки патријарх на Филипол за периодот 1906–1914.

Во 1915 бил избран за асистент бискуп на Иринопол.

На 7 октомври 1929 бил избран за Вселески патријарх и назначен на неговото место истиот ден. За време на неговата патријаршија односот помеѓу Грција и Турција се подобрил благодарение на политичките дејствувања на Елефтериос Венизелос и Кемал Ататурк. Патријархот Фотиј II починал на 29 декември 1935.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Духовни титули
Претходник
Василиј III
Вселенски патријарх
1929–1935
Наследник
Венијамин