Прејди на содржината

Бордесхолм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бордесхолм
Манастирската црква во Бордесхолм
Манастирската црква во Бордесхолм
Манастирската црква во Бордесхолм
Грб на Бордесхолм
Бордесхолм во рамките на Германија
Бордесхолм
Управа
Земја Германија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
ОкругРендсбург-Екернферде
Месна заед.Бордесхолм
Основни податоци
Површина10,16 км2
Надм. височина32 м
Население 7.914 (31 декември 2022)[1]
 - Густина779 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.RD
Пошт. бр.24582
Повик. бр.04322
Порталwww.bordesholm.de
Местоположба на Бордесхолм во рамките на округот Рендсбург-Екернферде
Карта
Карта
Координати54°11′N 10°1′E / 54.183°N 10.017°E / 54.183; 10.017

Бордесхолм (германски: Bordesholm) — општина во округот Рендсбург-Екернферде, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Бордесхолм е исто така име на поранешниот историски округ на Кралството Прусија и Вајмарската Република на кој бил окружно седиште. Округот Бордесхолм бил подоцна распуштен во 1932 година и поделен на соседните окрузи (делови од округот Бордесхолм биле приклучени на Зегеберг, а остатокот на Рендсбург-Екернферде).

Бордесхолм се развил околу 1330 година, кога манастирот од Нојминстер (основан во 1127 година од епископот Вицелин) бил преместен на остров во езерото кај Бордесхолм. Свети Вицелин е закопан тука. Потоа, селото растело крај брегот на езерото, во близина на манастирот. Покрај манастирот, Бордесхолм станал културен и стопански центар на Војводството Холштајн.

Во текот на реформацијата, манастирот бил затворен во 1566 година од војводата Ханс Постариот. Потоа станал латинска школа, која била затворена во 1665 година. Остатоци на манастирот и библиотеката станале основа за библиотеката на новосоздадениот Килски универзитет. Во периодот 1773-1865, областа на Бордесхолм била управувана од кралот на Данска преку неговата титула како војвода на Холштајн.

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]