Папа Бенедикт XVI: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава pcd:Bénouet XVI
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам tl:Benedicto XVI во tl:Papa Benedicto XVI
Ред 171: Ред 171:
[[fi:Benedictus XVI]]
[[fi:Benedictus XVI]]
[[sv:Benedictus XVI]]
[[sv:Benedictus XVI]]
[[tl:Benedicto XVI]]
[[tl:Papa Benedicto XVI]]
[[ta:திருத்தந்தை பதினாறாம் பெனடிக்ட்]]
[[ta:திருத்தந்தை பதினாறாம் பெனடிக்ட்]]
[[roa-tara:Papa Benedìtte XVI]]
[[roa-tara:Papa Benedìtte XVI]]

Преработка од 16:30, 15 јануари 2013

Бенедикт XVI
Родено име Јозеф Алојз Рацингер
Папа од 19 април 2005
Папа до Во служба
Претходник Јован Павле II
Наследник Во служба
Роден 16 април 1927
Знаме на Германија
Знаме на Германија
Марктл, Баварија, Германија
Други папи по име Бенедикт

Бенедикт XVI, вистинско име Јозеф Рацингер е тековен папа на Римокатоличката црква.

Јозеф Рацингер

Јозеф Рацингер е роден на 18 април 1927 година во германската покраина Баварија. Свештеник станал во 1951 година, а во 1977 година е именуван за архиепископ (надбискуп) на Минхен.

Во 1981 година е поставен за раководител на влијателната Конгрегација за верска доктрина, која реформските кругови во Католичката црква ја оценуваат како наследник на Светата инквизиција.

Грбот на папата

Рацингер, кого го нарекуваа „панцер кардинал“ и „божји ротвајлер“, е противник на идеите за жени-свештеници, на хомосексуалноста, на употребата на контрaцепција и на комунизмот. Тој е и еден од противниците на зачленувањето на муслиманската Турција во ЕУ.

Контарверзниот дел од неговата биографија го опфаќа период на Втората светска војна, кога Рацингер бил член на Хитлеровата младина, подмладок на Национал-социјалистичката германска работничка партија и припадник на единиците на противвоздушната одбрана на Вермахтот.

Рацингер, кој важи за припадник на конзервативното крило на Католичката црква, во октомври 2004 година изјавил дека Црквата треба да остане „подалеку од народните маси, бидејќи колку што им е поблизу, станува сè поповршна“.

Бенедикт XVI

Папата Бенедикт XVI со поранешниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски

Папата Бенедикт, во спротивно со верувањето на многу луѓе сепак не го зема името Јован Павле III, туку се одлучи за Бенедикт. Тој го започна своето владение како Папа на 19 април 2004. Досега се покажа како помек оттколку што се претпоставуваше и покажа голема толерантност кон современите предизвици со кои се соочува црквата.

На 12 септември 2006 година во текот на едно свое предавање во Германија цитираше остра критика на исламот и на пророкот Мухамед напишана во 14-от век од византискиот цар Мануел Втори Палеолог: „Покажете ми што ново донел Мухамед и ќе видите само зли и нечовечни работи, како неговата наредба со меч да се шири верата што ја проповеда“. Неговиот настап предизвика остри критики од муслиманскиот свет.

Видете исто така

Надворешни врски

Предлошка:Никулец за папа




Предлошка:Link FA