Википедија:Избрана слика/2016/декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец декември 2016 година.


1 декември 2016 2 декември 2016

Рајнската кула во Диселдорф, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Декемвриска бура во Талинскиот Залив кај Меривелја, Естонија.
3 декември 2016 4 декември 2016

Внатрешност на Главната железничка станица во Келн, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Свод на капелата „Св. Варвара“ во катедралата „Св. Стефан“, Виена.
5 декември 2016 6 декември 2016

Неовизантиска купола на Капелата на Кристијан IX во катедралната црква во Роскилде, Данска.

Карпестата образба „Амфитеатар“ во Месечевата Долина на пустината Атакама, Чиле
7 декември 2016 8 декември 2016

Поглед на плажата Рејнисфјара и базалтната образба Рејнисдрангар од полуостровот Дирхолеј, Исланд.

Монтичело“ — главната робовладетелска плантажа на третиот американски претседател, Томас Џеферсон. Куќата е негово сопствено дело и се наоѓа кај Шарлотсвил, Вирџинија.
9 декември 2016 10 декември 2016

Место на сообраќајка крај патот за Сан Педро де Атакама, Чиле. Автомобилот е зачуван, и до него е направено спомен-обележје за настраданите.

Долгоплет пајак (Hersilia sp.) како фаќа црцорец.
11 декември 2016 12 декември 2016

Поглед на реката Скејдарау од висорамнината Скафтафелсхејди во националниот парк Ватнајекидл, Исланд.

Поглед во државниот рудник Чукикамата кај Калама, северно Чиле — најголем површински коп на бакар во светот.
13 декември 2016 14 декември 2016

Палатата на правдата во Минхен — здание во необарокен стил, во кое се сместени Министерството а правда на Баварија и Окружниот суд I на Минхен.

Школка на морскиот полжав Bufonaria perelegans (должина: 83 мм).
15 декември 2016 16 декември 2016

Кафеавоглав галеб (Chroicocephalus brunnicephalus) пристаништето во Мумбај, Индија.

Воричкиот замок од мостот на реката Ејвон во Ворикшир, Англија.
17 декември 2016 18 декември 2016

Џуџесто колибри (Mellisuga minima) на подрачјето на Сините Планини, Јамајка.

Станицата „Дилферштрасе“ на Минхенското метро.
19 декември 2016 20 декември 2016

Ларва на мртовечка глава (Acherontia spp.)

Лагуна Онда — солено езеро на надморска височина од 4.114 м во департманот Потоси, југозападна Боливија, недалеку од границата со Чиле.
21 декември 2016 22 декември 2016

Дворецот Нимфенбург во Минхен — летен дом на владетелите на Баварија од династијата Вителсбаховци.

Зебашката Долина и планината Анкогел (3.252 м) во националниот парк Високи Таури кај Малниц, Корушка, Австрија.
23 декември 2016 24 декември 2016

Рајхстагот во Берлин со новогодишна елка навечер.

Внатрешност на Капелата на Фордере Нидере во планините кај Анделсбух, Предарлска, Австрија.
25 декември 2016 26 декември 2016

Иконата Богородица Шестопрста во црквата во Марија Лах на Јауерлинг, Долна Австрија. Непознат мајстор, втора половина на XV век.

Зимски предел на венецот Кузнецки Алатау, јужен Сибир.
27 декември 2016 28 декември 2016

Романската капела „Св. Јован“ во Пирг, Штаерска, Австрија. Живописот е од XII, а распетието од XI век.

Јакарски кајман (Caiman yacare) во мочуриштето Пантанал, Бразил.
29 декември 2016 30 декември 2016

Светилникот „Мемертски оган“ (Memmertfeuer) на островот Јист, Долна Саксонија (област Источна Фризија), Германија.

Тавански живопис во Зонтагбершката базилика, Долна Австрија. Насликал: Даниел Гран (1738–43).
31 декември 2016

Одбележувањето на Новата година подразбира свечени глетки, како овој четвртојулски огномет во Вашингтон, САД.

Функција[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец декември 2016 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за позиционирање на слика лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот