Википедија:Избрана слика/2018/јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец јануари 2018 година.


1 јануари 2018 2 јануари 2018

Маглината Јастог (NGC 6357)

Прв степен на ракетата „Фалкон 9 Фул траст“ за испалување на телекомуникаиски сателити во нискоземјена орбита.
3 јануари 2018 4 јануари 2018

Бела мечка (Ursus maritimus) со исплазен јазик. Земја на Франц Јосиф.

Поглед на Сулејмановата џамија (порано катедрала „Св. Софија“) во Никозија, Кипар.
5 јануари 2018 6 јануари 2018

Најгорната станица на жичницата во Сим де Карон, Франција.

Парната теснолинејка „ДР 99.77-79“ бр. 991777-4 на станицата во Морицбург, Саксонија, Германија.
7 јануари 2018 8 јануари 2018

Реката Малакатин на Големиот Љаховски Остров во Јакутија, Русија.

Булеров албатрос (Thalassarche bulleri) со краткоопашест буревесник (Ardenna tenuirostris) зад него, источно од полуостровот Тасман во Тасманија, Австралија.
9 јануари 2018 10 јануари 2018

Поларна светлина над Естонија.

Мотоцикл „Мотосакош“ со потпорни скии во Швајцарија, 1914-18 г.
11 јануари 2018 12 јануари 2018

Тавански расветни тела во трговскиот центар „Хофштат“ во Минхен.

Градот Салцбург со тврдината гледан од ридот Менхсберг.
13 јануари 2018 14 јануари 2018

Кит-ајкула (Rhincodon typus) кај атолот Колумадулу, Малдиви.

Воздухоплов Ербас А380-861 на превозникот „Емирати“ како полетува од Минхенскиот аеродром, Германија.
15 јануари 2018 16 јануари 2018

Панорама на Бајкалското Езеро, гледано од островот Олхон, Иркутска област, Русија.

Флуоресцентност и дволом на син ласер (445 нм) во калцит.
17 јануари 2018 18 јануари 2018

Траектот „Емелија“ како пристига во Хенрикдалсхамнен, Стокхолм. Во позадината е Северен Хамарбихамен (Седермалм).

Млад европски бизон или зубар (Bison bonasus) во ловиштето „Визентгехеге Шпринге“ кај Шпринге, регион Хановер, Германија.
19 јануари 2018 20 јануари 2018

Бел бор (Pinus sylvestris) во Стокхолмскиот Архипелаг, Шведска.

Марс од вселенското летало „Розета“ на Европската вселенска агенција, 2007 г.
21 јануари 2018 22 јануари 2018

Испробување на повратни падобрани од вселенското летало „Орион“ на НАСА, 2017 г.

Копот за нафтени шкрилци „ВКГ Ојама“ со подземен натоварувач „Атлас Копко“.
23 јануари 2018 24 јануари 2018

Три лава (една женка и два мажјака) како одмораат. Масаи Мара, југозападна Кенија.

Арабескната сала во Екатеринскиот дворец во Пушкин кај Санкт Петербург, Русија.
25 јануари 2018 26 јануари 2018

Савански јастреб (Buteogallus meridionalis) во Пантанал, Бразил.

Амерската тврдина во Џајпур, Индија.
27 јануари 2018 28 јануари 2018

Ајфеловата кула и мостот „Александар III“ во Париз навечер.

Рачно изработен модел на тркачка „Субару Импреза“. Размер: 1:24
29 јануари 2018 30 јануари 2018

Воз за Тирано, Италија влечен од локомотива РхБ АБе 8/12 „Алегра“, Швајцарија со снегорасчистувачки плуг.

Два товарни воздухоплова Е-2Ц „Јастребово око“ на американската морнарица како прелетуваат крај планината Фуџи, Јапонија.
31 јануари 2018

Јамска пеперутка (Loxura atymnus) од семејството на бакарците (Lycaenidae) која живее во Азија.

Намена[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец јануари 2018 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот