Википедија:Избрана слика/2019/април

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец април 2019 година.


1 април 2019 2 април 2019
Abyssinian black-and-white colobus (Colobus guereza guereza) male head.jpg
Наметната гвереза (Colobus guereza guereza, мажјак) во Етиопија.
The Wings, Siemens HQ Munich, April 2017.jpg
„Крилја“ — скулптура на Даниел Либескинд поставена пред седиштето на „Сименс“ во Минхен.
3 април 2019 4 април 2019
Les Aresquiers, Frontignan.jpg
Прибрежни локви во Фронтињан, јужна Франција.
Apyãwa (Tapirape) Mask MHNT.ETH.AC.1732.jpg
Обредна маска на народот Тапирапе од Амазонија.
5 април 2019 6 април 2019
Roca de la Ley, Parque Nacional de Þingvellir, Suðurland, Islandia, 2014-08-16, DD 022.JPG
Месноста Легберг во националниот парк Тинкветлир, јужен Исланд. На ова место во далечното минато се состанувало народното собрание (Алтинг) кое важи за првиот парламент во светот.
MosMetro Fonvizinskaya 01-2017.jpg
Метростаницата „Фонвизинскаја“ во Москва.
7 април 2019 8 април 2019
Gymnopilus viridans (Murrill) Hesler 363906.jpg
Печурка од видот Gymnopilus viridans во Државниот парк Форт Флеглер, САД.
2016 Falcon 9 at Vandenberg Air Force Base.jpg
РакетатаФалкон 9“ пред испалување од воздухопловната база Ванденберг 16 јануари 2016 г.
9 април 2019 10 април 2019
Salzburg Dom Kuppel 01.jpg
Тавански свод на катедралата „Св. Руперт и Вергилиј“ во Салцбург, Австрија.
ET Afar asv2018-01 img36 Dallol.jpg
Врел извор со сулфурна образба во вулканот Далол. Котлина Данакил, Етиопија.
11 април 2019 12 април 2019
Mezquita de Agha Bozorg, Kashan, Irán, 2016-09-19, DD 85.jpg
Нагорен поглед на ејваните во џамијата „Ага Бозорг“ во Кашан, Иран.
Birdhouses on Sidney Spit, Sidney Island, British Columbia, Canada 05.jpg
Куќички за птици на островот Сидни, Британска Колумбија, Канада.
13 април 2019 14 април 2019
Theatinerkirche Munich, March 2018.jpg
Театинската црква „Св. Каетан“ во Минхен. Изградена е од баварскиот изборник Фердинанд Марија во знак на благодарност за раѓањето на долгоочекуваниот наследник Максимилијан Емануел во 1662 г.
Wien Deutschordenskirche Flügelaltar 01.jpg
Фламански триптих на Црквата на Тевтонскиот ред во Виена, изработен во 1520 г. за црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гдањск и преместен во денешниот храм во 1864 г.
15 април 2019 16 април 2019
Brügge (B), Groenerei -- 2018 -- 8493-7.jpg
Каналот Грунерај во Бриге, Белгија
20180929 UCI Road World Championships Innsbruck Women Elite Road Race Charlotte Becker 850 7872.jpg
Шарлота Бекер — претставничка на Германија на Светското првенство во друмски велосипедизам 2018 во Инсбрук, Австрија.
17 април 2019 18 април 2019
Ópera, Ereván, Armenia, 2016-10-03, DD 13.jpg
Оперскиот дом во Ереван, отворен во 1933 г.
Wien, Volksgarten, Theseustempel -- 2018 -- 3128.jpg
Храмот на Тезеј во Народната градина, Виена.
19 април 2019 20 април 2019
Kefermarkt Kirche Kruzifix 01.jpg
Распетие во црквата во Кефермаркт, Горна Австрија.
Kranhäuser Cologne, April 2018 -01.jpg
Вечерен поглед на Келн од реката Рајна. Се гледаат зградите „Кранови“ и Келнската катедрала.
21 април 2019 22 април 2019
Mountain gorilla (Gorilla beringei beringei) yawn.jpg
Планинска горила (Gorilla beringei beringei), Национален парк Вулкани, Руанда.
Dülmen, St.-Viktor-Kirche -- 2015 -- 9906.jpg
Влез на црквата „Св. Виктор“ во Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Ова е најстара црква на пова подрачје, основана во VIII век во својот првобитен облик.
23 април 2019 24 април 2019
Cape Skink Flowers.jpg
Капски скинк (Trachylepis capensis) на цветови во ЈАР.
Basílica de Notre-Dame, Montreal, Canadá, 2017-08-12, DD 37-39 HDR.jpg
Внатрешност на Богородичната црква во Монтреал, Квебек, Канада.
25 април 2019 26 април 2019
Long Spit Sea of Azov2.jpg
Провлакот Долгаја на Азовското Море, Краснодарски крај, Русија.
Falcon 9 rollout with TurkmenAlem52E-MonacoSAT to SLC-40 (17108097439).jpg
Довезување на ракетата „Фалкон 9 v1.1“ со која е ставен во орбита сателитот за врски ТуркменЕлем 52°E — прв сателит на Туркменистан.
27 април 2019 28 април 2019
Dürnstein Panorama 02.jpg
Поглед на гратчето Дирнштајн во долината Вахау, Долна Австрија.
Prinz-Carl-Palais Munich, April 2018 -02.jpg
Дворецот на Принцот Карл во Минхен, изграден во 1804-6 г. во неокласичен стил. Денес служи како седиште на премиерот на Баварија.
29 април 2019 30 април 2019
Dülmen, Kirchspiel, Bauerschaft Börnste -- 2017 -- 6919.jpg
Дрвја во заселокот Бернсте кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
Praha Panorama from Petřín 20170430.jpg
Поглед на Храдчани и Стариот град на Прага од ридот Петшин.

Намена[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец април 2019 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот