Википедија:Избрана слика/2016/ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец ноември 2016 година.


1 ноември 2016 2 ноември 2016

Шамарелските водопади на островот Маврициус, со вертикален пад од 95 м.

Крипта на Алтенбуршката опатија во Долна Австрија.
3 ноември 2016 4 ноември 2016

Главната капела на цистерцитскиот манастир „Пресв. Богородица Нивска“ (Санта Марија де Уерта) во Кастиља и Леон, Шпанија.

Стара нафтена локомотива TEM2M-063 на железничката станица во Виница, Украина.
5 ноември 2016 6 ноември 2016

Воз низ солницата Каркоте, југозапдна Боливија.

Меркат (Suricata suricatta) во природниот резерват Цвалу Калахари, ЈАР.
7 ноември 2016 8 ноември 2016

Дрвени крстови во гробиштата на некогашниот рудник за сол „Рита Авентура“ во регионот Антофагаста, северно Чиле.

Капитолот во Вашингтон, во чест на денешните Претседателски избори во САД.
9 ноември 2016 10 ноември 2016

Берлинската катедрала ноќе. Десно се гледа Телевизиската кула.

Обичен елен (Cervus elaphus) на ливада.
11 ноември 2016 12 ноември 2016

Таванскиот живопис Триумфот на Св. Бенедикт (1744) во Зајтенштетенската опатија, Долна Австрија. Насликал: Бартоломео Алтомонте.

Патека на штици преку мочуриштето Меникуно, југоисточна Естонија.
13 ноември 2016 14 ноември 2016

Трамвај во Клермон Феран, Франција, од типот „Транслор STE4“.

Панорамски поглед на соленото езеро Лагуна Едионда, југозападна Боливија. Лежи на надморска височина од 4.121 м и зафаќа површина од 3 км2.
15 ноември 2016 16 ноември 2016

Пустината Салвадор Дали во Потоси, југозападна Боливија, така наречена поради сличноста на пределите во сликите на истоимениот уметник.

Обично лигле (Gymnocephalus cernuus) во реката Перну, Естонија.
17 ноември 2016 18 ноември 2016

Корабната таваница на кралската катедрала „Успение на пресв. Богородица и Св. Адалберт“ во некогашната полска престолнина Гњезно.

Брег на Северното Море во северозападен Јитланд, Данска.
19 ноември 2016 20 ноември 2016

Поглед на Косигиновата улица во подрачјето Врапчешки Ридови, Москва.

Нагорен поглед на крстиштето на катедралата „Пресв. Богородица Столична“ во Севиља, Шпанија, позната и како „Севиљска катедрала“.
21 ноември 2016 22 ноември 2016

Од Копенхагенската берза (1895) на Педер Северин Крејер.

Череп на крокодил во Музејот на ветеринарната анатомија при Ветеринарнно-зоотехничкиот факултет во Саун Пауло, Бразил.
23 ноември 2016 24 ноември 2016

Водниот дворец во „Складишниот град“ (Шпајхерштат) во Хамбург, Германија.

Геотермалната месност Хвераренд фумароли, калишта и топли извори во северен Исланд.
25 ноември 2016 26 ноември 2016

Украсно поткастрување (топијар) на дробиштата во Тулкан, во покраината Карчи, северен Еквадор.

Аголни потпори на ѕидините на древната тврдина Саксајваман која се наоѓа на севернио0т крај на градот Куско, престолнина на Царството на Инките во денешно Перу. Масивните камења се исечени толку точно, што држат одлично без никаков врзивен материјал.
27 ноември 2016 28 ноември 2016

Поглед на Карипското Море од Тврдината на Сулфурниот Рид на островот Свети Евстахиј, прогласена за светско наследство на УНЕСКО.

Вилински коњчиња од видот Ceriagrion cerinorubellum како се парат.
29 ноември 2016 30 ноември 2016

Ходник во станицата „Ам Харт“ на Минхенското метро.

Шарени дуќани во оазата на соленото езеро Лагуна Едионда, југозападна Болиивија.

Функција[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец ноември 2016 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за позиционирање на слика лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот