Берлинска телевизиска кула
Берлинска телевизиска кула | |
---|---|
Поглед на Берлинската телевизиска кула од југоисток | |
Општи податоци | |
Статус | завршена |
Вид | телевизиска кула, ресторан, опсерваторија |
Место | Берлин, Германија |
Координати | 52°31′15″N 013°24′34″E / 52.52083° СГШ; 13.40944° ИГД |
Завршена | 3 октомври 1969 година |
Висина | 368,03 м |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Херман Хенселман |
Главен изведувач | Источна Германија |
Берлинска телевизиска кула (германски: Fernsehturm Berlin) — телевизиска кула во средишниот дел на Берлин, Германија.
Во близина на Александерплац во Берлин-Мите, кулата била изградена помеѓу 1965 и 1969 година од страна на Владата на Демократска Република Германија. Таа била наменета како симбол на комунистичката власт во Источен Берлин. Кулата останала и ден денес и е видлива од средишните, но и од некои приградски населби во Берлин. Со својата висина од 368 метри (вклучувајќи ја и антената) таа е на списокот на највисоките градби во Германија и втора највисока градба во Европската Унија. Од трите највисоки структури во Европа, таа е 0,5 метри пократка од Ришката радиска и телевизиска кула и 8 метри повисока од станицата Трбовље во 2017 година.
Кулата станала еден од најпознатите симболи на земјата и често се појавува во филмовите одиграни во Берлин. Поради својата местоположба во близина на Александерплац, таа понекогаш се нарекува Алекс кула.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Берлинска телевизиска кула на Ризницата ?
- Berlin Television Tower — Structurae (англиски)
- Официјална страница