Википедија:Избрана слика/2017/октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец октомври 2017 година.


1 октомври 2017 2 октомври 2017
Suíno alta.jpg
Скелет на свиња во Музејот на ветеринарна анатомија при Универзитетот во Сао Паоло, Бразил.
Prague 07-2016 View from Old Town Hall Tower img3.jpg
Поглед на Староградскиот плоштад во Прага.
3 октомври 2017 4 октомври 2017
Junonia orithya-Thekkady-2016-12-03-001.jpg
Сина костеновка (Junonia orithya) — вид од семејството на шарените пеперутки (Nymphalidae) застапен во Африка, Азија и Австралија.
Iglesia de San Nicolás, Puertomarín, Camino de Santiago, Lugo, España, 2015-09-19, DD 15-17 HDR.jpg
Црквата „Св. Никола“ во Портомарин, Галиција, Шпанија. Изградена е во XII век во романски стил и преместена камен по камен во 1960 г. поради изградбата на брана.
5 октомври 2017 6 октомври 2017
St. Michael ob Rauchenödt Flügelaltar 01.jpg
Доцноготскиот олтар на црквата „Св. Михаил“ во Гринбах, Горна Австрија.
Ripples dispersing sunlight into underwater rainbows in Brofjorden.jpg
Расејување на светлината како мали виножита во плитка вода, каде бранчињата во поволни услови имаат улога на призми. Фјорд Брофјорден, Бохуслен, југозападна Шведска.
7 октомври 2017 8 октомври 2017
California sea lion in La Jolla (70568).jpg
Калифорниски морски лав (Zalophus californianus) и западен галеб (Larus occidentalis) кај Сан Диего, Калифорнија, САД.
Ninomaru Palace, November 2016.jpg
Дворецот Ниномару во крепоста на замокот Ниџо, во Кјото, Јапонија. Замокот е заштитен како светско наследство на УНЕСКО.
9 октомври 2017 10 октомври 2017
Letterboxes Ocotillo Wells 2013 Crop.jpg
Поштенски сандачиња во месноста Окотило Велс, Калифорнија, САД.
Abyaneh, Irán, 2016-09-19, DD 13-15 PAN.jpg
Панорама на селото Абјане од калето. Сместено е во округот Натанз на покраината Исфахан, Иран.
11 октомври 2017 12 октомври 2017
Hemerocallis fulva 2016 G1.jpg
Портокалов дневен лилјан (Hemerocallis fulva), веројатно градинарска сорта, во Украина.
Gedore No. 7 combination wrenches 6–19 mm.jpg
Прибор клучеви „Гедор бр. 7“ во големини од 6 до 19 мм.
13 октомври 2017 14 октомври 2017
Stift Melk Gartenpavillon 04.jpg
Градинскиот павилјон на Мелчкиот манастир, Долна Австрија.
Standardgraph 2522 2.5–7 mm lettering guides.jpg
Буквени водилки за техничко цртање.
15 октомври 2017 16 октомври 2017
Monasterio de Tatev, Armenia, 2016-10-01, DD 89-91 HDR.jpg
Татевскиот манастир (IX в.) во покраината Сјуник, југоисточна Ерменија.
Gran Mezquita de Isfahán, Isfahán, Irán, 2016-09-20, DD 65-67 HDR.jpg
Главниот свод на Соборната џамија во Исфахан, Иран, заштитена како светско наследство на УНЕСКО.
17 октомври 2017 18 октомври 2017
Weißrückengeier Gyps africanus HP L2043.JPG
Неколку африкански мршојадци (Gyps africanus) во Националниот парк Чобе, Боцвана.
Proboscis monkey (Nasalis larvatus) composite.jpg
Носест мајмун (Nasalis larvatus) во скок, на три слики споени во една.
19 октомври 2017 20 октомври 2017
Haltern am See, Stausee, Anleger -- 2016 -- 2859.jpg
Пристаништен ланец на езерскиот брег во Халтерн ам Зе, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
Umschreibung by Olafur Eliasson, Munich, December 2016 -02.jpg
„Опис“ (Umschreibung, 2004) — уметничка инсталација на Олафур Елијасон во седиштето на КПМГ, Минхен.
21 октомври 2017 22 октомври 2017
F-16 refuelling, Exercise Green Flag East - 081201-F-3071N-235.jpg
Ф-16 Фајтинг фалкон како прима гориво од дотурниот авион Боинг КЦ-135 Стратотанкер.
Bell tower of Church of Beheading of John the Baptist in Moscow.jpg
Камбанарија на црквата „Св. Јован Претеча под Борот“ во Москва.
23 октомври 2017 24 октомври 2017
Colombian Air Force Sikorsky UH-60L Arpía III (S-70A-41) Ramírez-1.jpg
Борбен хеликоптер Сикорски УХ-60Л Арпија III („Црн јастреб“) на Воздхупловните сили на Колумбија како исфрла топлински мамци.
Palacio de Golestán, Teherán, Irán, 2016-09-17, DD 40-42 HDR.jpg
Одајата под ветрофатот на Голестанскиот дворец во Техеран, Иран. Денес објектот служи како фотографски музеј.
25 октомври 2017 26 октомври 2017
FJ Cruiser 2007.jpg
Спортскиот теренец Тојота ФЏ Крузер.
Mycalesis junonia-Thekkady.jpg
Пеперутка Mycalesis junonia од потсемејството на окатките (Satyrinae) во јужна Индија.
27 октомври 2017 28 октомври 2017
Duisburg, Landschaftspark Duisburg-Nord, Hochofen 2 -- 2016 -- 1115.jpg
Висока печка во пределниот парк северно од Дујсбург, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
MS Nordnorge, Hurtigruten in Raftsundet, Nordland, Norway, 2015 September.jpg
Бродот „Норднорге“ во протокот Рафтсундет кај Хадсел, Нурлан, Норвешка.
29 октомври 2017 30 октомври 2017
Tired 20-year-old cat.jpg
Дваесетгодишна мачка.
Warthogs (Phacochoerus africanus) young males eyeballing.jpg
Брадавичести свињи (Phacochoerus africanus) пред борба. Резерват Цвалу Калахари, Северен Кејп, ЈАР.
31 октомври 2017
Mausoleo de Hafez, Shiraz, Irán, 2016-09-24, DD 12-14 HDR.jpg
Таваница над гробот на поетот Хафиз (1315-1390) во Шираз, Иран.

Намена[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец октомври 2017 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот