Википедија:Избрана слика/2019/мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец мај 2019 година.


1 мај 2019 2 мај 2019
Two-tailed pasha (Charaxes jasius jasius) Greece.jpg
Двоопашест паша (Charaxes jasius jasius) во Ситонија, Халкидик, Егејска Македонија.
Iglesia de Ntra. Sra. de la Junquera, Luesma, Zaragoza, España, 2017-01-04, DD 60.jpg
Црквата „Пресв. Богородица Рогозинска“ (XV в.) во селото Луесма, Сарагоса, Шпанија. Иако самата црква е барокна, камбанаријата е мудехарска.
3 мај 2019 4 мај 2019
Bahrain Fort March 2015.JPG
Бахреинското кале кај Манама, Бахреин. Старо е 4300 години и има остатоци од неколку цивилизации. Прогласено е за светско наследство на УНЕСКО.
ADAC-Zentrale, Munich, March 2017-05.jpg
Седиштето на Автомобилскиот сојуз на Германија (ADAC) во Минхен.
5 мај 2019 6 мај 2019
ET Gondar asv2018-02 img18 Fasil Ghebbi.jpg
Срушен свод од царскиот комплекс Фасил Геби во Гондар, Етиопија, заштитен е како светско наследство на УНЕСКО.
Münster, Beresa, Mercedes-Benz C-Klasse Cabrio -- 2018 -- 1757.jpg
Задно светло на Мерцедес-Бенц Ц-класа Кабрио во Минстер, Германија.
7 мај 2019 8 мај 2019
Panoramic sunset in Conques 02.jpg
Живописното село Конк во Аверон, јужна Франција.
Catedral de San Basilio, Moscú, Rusia, 2016-10-03, DD 05-06 HDR.jpg
Вечерен поглед на црквата „Св. Василиј Блажениот“ на Црвениот плоштад во Москва. Изградена е во 1555-61 г. по порачка на царот Иван Грозни во спомен на победата над Татарите во Казањ и Астрахањ.
9 мај 2019 10 мај 2019
Tupolev Tu-160 overflying Moscow fix.jpg
Туполев Ту-160 во прелет над Москва по повод Денот на победата во 2014 г.
Dülmen, Dernekamp, BMW Mini -- 2018 -- 1545-51.jpg
БМВ Мини Купер на селски пат кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
11 мај 2019 12 мај 2019
A Taraxacum Ruderalia dandelion clock.jpg
Главица на глуварче (Taraxacum sect. Ruderalia) со бројни едносемени плодови.
Godorf Station at Dusk, May 2018.jpg
Квечерина над железничката ранжирна станица „Годорф“ во Келн, Германија.
13 мај 2019 14 мај 2019
Escolta presidencial, Plaza de Armas, Lima, Perú, 2015-07-28, DD 40.JPG
Претседателски гардист како стои пред Владиниот дворец во Лима на Денот на независноста на Перу, 2015 г.
Long-tailed macaque (Macaca fascicularis) Labuk Bay.jpg
Макаки-ракојад (Macaca fascicularis) во Сабах, Борнео, Малезија.
15 мај 2019 16 мај 2019
Metro de São Paulo, Luz Station, Brazil.jpg
Воз како пристига на станицата „Сауде“ од подземната железница во Сао Паоло, Бразил.
Diamonds Thudufushi Beach and Water Villas, May 2017 -03.jpg
Наколни куќарки на одморалишниот остров Тудуфуши во атолот Алиф Дал на Малдивите.
17 мај 2019 18 мај 2019
Martinus Rørbye, Portræt af maleren C.A. Lorentzen, 1827, 0218NMK, Nivaagaards Malerisamling.jpg
Портрет на сликарот К. А. Лоренцен (1827) од данскиот сликар Мартинус Рерби.
Brügge (B), St.-Salvator-Kathedrale -- 2018 -- 8559.jpg
Таваница над олтарот на катедралата „Св. Спас“ во Бриге, Белгија.
19 мај 2019 20 мај 2019
Ermita de Santo Domingo, Lécera, Zaragoza, España, 2017-01-04, DD 103-105 HDR.jpg
СкитотСв. Доминик“ во Лесера, Сарагоса, Шпанија. Изграден е во XIV век врз некогашна иберска населба.
CAPTAIN BADR (ship, 1978). Sète cf01.jpg
„Капетан Бадр“ — брод за превоз на добиток во пристаништето на Сет, Франција.
21 мај 2019 22 мај 2019
Puerto de Mogán, May 2018 -02.jpg
Летувалиштето Пуерто де Моган на островот Гран Канарија.
Church of Saint-Mayme 01.jpg
Црква во Оне ле Шато, Аверон, Франција
23 мај 2019 24 мај 2019
Lopesan Baobab, Maspalomas, May 2018.jpg
Одморалиштето „Лопесан Баобаб“ во Маспаломас, Гран Канарија.
Magdalensberg St. Helena Flügelaltar 01.jpg
Крилест олтар на црква во Магдаленсберг (Шталенска Гора) во Корушка, Австрија. Непознат мајстор од Филах, 1502 г.
25 мај 2019 26 мај 2019
Dülmen, Merfeld, Dülmener Wildpferde in der Wildbahn -- 2016 -- 4201.jpg
Дилменски понија во резерват кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
Palacio Aali Qapu, Isfahán, Irán, 2016-09-20, DD 60.jpg
Дворецот Али капу („Голема порта“) во Исфахан, Иран. Изграден е на почетокот на XVII век по нарачка на шахот Абас Велики.
27 мај 2019 28 мај 2019
Bank myna (Acridotheres ginginianus).jpg
Брежна мина (Acridotheres ginginianus) во Утар Прадеш, Индија.
Treptowers, Alt-Treptow, Berlin, 1705252213, ako.jpg
Комплексот „Трептауерс“ во Трептов, Берлин.
29 мај 2019 30 мај 2019
Sonntagberg Basilika Orgel 03.JPG
Оргулите на базиликата во Зонтагберг, Долна Австрија. Изградени се од мајсторот Франц Ксавер Кристоф, 1774–76 г.
Norderney, Haus Schiffahrt -- 2018 -- 0980-4.jpg
Морепловниот дом (Haus Schifffahrt) на островот Нордернај во Долна Саксонија, Германија.
31 мај 2019
Templo de Augusto, Pula, Croacia, 2017-04-17, DD 71-73 HDR.jpg
Августовиот храм во Пула, Хрватска. Посветен е на првиот римски цар — Октавијан Август и се вбројува меѓу најдобро зачуваните римски храмови во Европа.

Намена[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец мај 2019 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот