Глуварче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Глуварче
DandelionFlower.jpg
Сложен цвет (горе) и семеносна топка (долу)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Ѕвездовидни
Семејство: Главоцветни
Племе: Голици
Род: Глуварче
F. H. Wigg.
Типски вид
Taraxacum officinale [1]
F. H. Wigg.

Глуварче или млечна козица (науч. Taraxacum) — голем род на цветни растенија од фамилијата на главоцветните (Asteraceae) со потекло од Евроазија, Северна и Јужна Америка. Од нив, обичното (T. officinale) и црвеносеменото глуварче (T. erythrospermum) се среќаваат како плевел ширум целиот свет.[2] Обата се целосно погодни за исхрана.[3] Како и другите членови на фамилијата штитоцветни, глуварчињата имаат голем број мошне ситни цветчиња сместени во соцветие. Многу видови го создаваат семето бесполово (со апомиксија, односно без опрашување) и затоа секое ново поколение е генетски истоветно со родителите.[4]

Опис[уреди | уреди извор]

Членовите на овој род се двегодишни или повеќегодишни зелјести растенија од умерени подрачја на стариот и новиот свет.

Листовите се долги 5–25 см (или повеќе), прости и целосни или со залистоци. Имаат розовиден распоред над глацниот корен. Соцветијата се жолти до портокалови, отворени дење и затворени ноќе. Стојат на шупливо стебленце што се издига 1–10 см (или повеќе)[2] над листовите и лачи гумена млеч (латекс) ако се поткрши. Едно растение може да има неколку вакви стебленца. Соцветијата имаат пречник од 2–5 см и се состојат зрачно поставени цветчиња. Кога ќе узреат, соцветијата стануваат топчести семеносни глави[5] со голем број едносемени плодови наречени ахени. Секоја семка има „падобранче“ со тенки влакненца (папус) која овозможува расејување на големо растојание со помош на ветерот.

Соцветијата се обиколени со прицветници во две низи. Внатрешните прицветници се испаравени додека не узрат семињата, а потоа се наведнуваат за да ги расеат. Надворешните секогаш се наведнати. Дршките на падобранчињата се издолжуваат со созревањето на семето и потоа лесно се одвојуваат од него.

Разнесување на семињата[уреди | уреди извор]

Повеќе видови глуварчиња се шират со значителна брзина и виреат на буништа и соголена почва. Ова особено важи за обичното глуварче. Кога ќе заврши цветањето, соцветието се суши во текот на еден до два дена. Сувите делови овенуваат и паѓаат, прицветниците се свиваат наназад и излегува топка од падобранчиња со семки.

Лажни глуварчиња[уреди | уреди извор]

Соцветија на четинарката која е површно слична на глуварчето

Постојат разни слични растенија со жолти цветови од фамилијата на главоцветните кои се нарекуваат „лажни глуварчиња“. Особено слично на глуварчето е мачкиното уво (Hypochaeris). Обете имаат слични цветови и семки на падобранчиња Разликата е во тоа што глуварчето има единечно неразгрането шупливо стебленце, без влакненца и листови, додека пак мачкиното уво има разгрането и цврсто стебленце со прицветници. Листовите кај глуварчето се мазни, а кај мачкиното уво се влакести.

Површни сличности со глуварчето имаат и јастребинката (Hieracium) и четинарката (Crepis), но видно се разликуваат по разгранетите цветни стебленца што обично имаат влакненца и листови.

Класификација[уреди | уреди извор]

Родот е таксономски сложен. Некои ботаничари го делат родот 34 макровидови и околу 2000 микровидови.[6] Во Британија и Ирска се забележани приближно 235 апомиксни и полиплоидни микровидови.[7] Некои стручњаци даваат мошне потесна дефиниција, прифаќајќи само 60 вида.[6]

Примена[уреди | уреди извор]

Динстано глуварче со кафеав ориз

Во исхраната[уреди | уреди извор]

Глуварчињата се собирале како прехранбена состоја уште од праисторијата, а почнале да се одгледуваат во Евроазија. Листовите се кинат и повторно растат бидејќи глуварчето е повеќегодишно растение. Се приготвуваат со бланширање за да се отстрани горчината.[8] или се динстаат како спанаќот.[9] Листовите и цветовите на глуварчето се составен дел од сефардската, кинеската и корејската кујна. Се приготвуваат и како салата.

Од цветните ливчиња се правати се прави сок, а од корењата се прави напиток налик на чај или кафе.[10]

Листовите изобилуваат со витамините А, Ц и К, калциум, калиум, железо и манган.[11]

Лековити својства[уреди | уреди извор]

Глуварчето низ историјата се ценело како растение со различни лековити својства поради тоа што содржи најразлични фармаколошки активни соединенија.[12] Застаоено е во треварството во Европа, Северна Америка и Кина[12] како лек за инфекции и проблеми со жолчката и црниот дроб,[12] и како диуретик.[12]

Корист во градинарството[уреди | уреди извор]

Во градинарството, глуварчето важи за благотворен плевел со голем број намени и може да биде добро придружно растение. Бидејќи корењата им се длабоки, глуварчињата ги земаат хранливи состојки од подолните слоеви и ги ставаат на располагање на растенијата со поплитки корења. Ја збогатуваат почвата со минерали и азот, привлекуваат инсекти-опрашувачи и испуштаат етилен кој помага при созревањето на плодовите.[13]

Глуварчето е познато медоносно растение во пчеларството.

Извор на гума[уреди | уреди извор]

При повредување на ткивото, глуварчето лачи гумодајна млеч. Дивите видови даваат малку млеч и начелно, количината во голема мера се разликува. Во Германија е создадена сорта погодна за добивање на гума. Добиената млеч има исти својства како каучук од каучуково дрво.[14] и веќе се испробува за употреба за автомобилски гуми.[15]

Некои видови[уреди | уреди извор]

Галерија на видови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Adrian John Richards. Sectional nomenclature in Taraxacum (Asteraceae). „Taxon“ том  34 (4): 633–644. 
  2. 2,0 2,1 Luc Brouillet. Taraxacum F. H. Wiggers, Prim. Fl. Holsat. 56. 1780“. Flora of North America. http://www.efloras.org/florataxon.aspx?flora_id=1&taxon_id=132314. 
  3. „Wild About Dandelions“. Mother Earth News. http://www.motherearthnews.com/Real-Food/2008-04-01/Dandelion-Recipes.aspx?page=2. 
  4. J. Doll & T. Trower. „Dandelion“. WeedScience. University of Wisconsin. архивирано од оригиналот на 22 октомври 2008. http://web.archive.org/web/20081022071446/http://128.104.239.6/uw_weeds/extension/articles/dandelion.htm. 
  5. „blowball“. McGraw-Hill Dictionary of Scientific & Technical Terms, 6E. The McGraw-Hill Companies, Inc.. 2003. http://encyclopedia2.thefreedictionary.com/blowball. конс. 26 јануари 2013 г. 
  6. 6,0 6,1 A. J. Richards. Eutriploid facultative agamospermy in Taraxacum'. „New Phytologist“ том  69 (3): 761–774. doi:10.1111/j.1469-8137.1970.tb02461.x. 
  7. Richards, A.J. (1997). Dandelions of Great Britain and Ireland (Handbooks for Field Identification). BSBI Publications. стр. 330. ISBN 978-0-901158-25-3. 
  8. McGee, Harold (2004). „A survey of common vegetables“. On Food and Cooking: the science and lore of the kitchen. New York: Scribner. стр. 320. ISBN 0-684-80001-2. http://books.google.ca/books?id=bKVCtH4AjwgC&pg=PA320. 
  9. [1]
  10. Castronovo Fusco, MA (15 април 2008). „Dandelion as underrated as underfoot“. New Jersey On-Line. http://www.nj.com/entertainment/dining/index.ssf/2008/04/dandelion_as_underrated_as_und.html. конс. 7 март 2011 г. 
  11. „Dandelion greens, raw“. Nutritiondata.com. http://www.nutritiondata.com/facts/vegetables-and-vegetable-products/2441/2. конс. 7 март 2011 г. 
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Katrin Schütz, Reinhold Carle & Andreas Schieber. 'Taraxacum—a review on its phytochemical and pharmacological profile. „Journal of Ethnopharmacology“ том  107 (3): 313–323. doi:10.1016/j.jep.2006.07.021. PMID 16950583. 
  13. Anon. „Companion Planting for Vegetables & Plants“. Country living and farm lifestyles. countryfarm-lifestyles.com. http://www.countryfarm-lifestyles.com/companion-planting.html. конс. 7 март 2011 г. 
  14. „Making Rubber from Dandelion Juice“. sciencedaily.com. sciencedaily.com. http://www.sciencedaily.com/releases/2013/10/131028114547.htm. конс. 22 ноември 2013 г. 
  15. „Fraunhofer and Continental come together when the dandelion rubber meets the road“. http://www.fraunhofer.de/en/press/research-news/2013/oktober/fraunhofer-and-continental-come-together-when-the-dandelion-rubber-meets-the-road.html. конс. 31 мај 2014 г. 
  16. „Plants for a future: Taraxacum kok-saghiz“. http://www.ibiblio.org/pfaf/cgi-bin/arr_html?Taraxacum+kok-saghyz. 
  17. „Flora of North America“. Efloras.org. http://www.efloras.org/florataxon.aspx?flora_id=1&taxon_id=242417345. конс. 29 август 2012 г. 
  18. „Alberta Biodiversity Monitoring Institute - Taraxacum ceratophorum“. http://www.abmi.ca/abmi/biodiversitybrowser/speciesprofile.jsp?tsnId=36200&rankId=220&kingdomId=3. конс. 29 август 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]