Прејди на содржината

Жолчка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жолчка
Структура на жолчката
Позиција на жолчката во стомакот
Податоци
ПретходникForegut
СистемDigestive system
АртеријаCystic artery
ВенаCystic vein
живецCeliac ganglia
Назнаки
ЛатинскиVesica biliaris, vesica fellea
TAA05.8.02.001
FMAFMA:7202

Жолчката (жолчно ќесе) е мал орган на долната површина на црниот дроб и е производ на лачење на хепарните клетки.

Видови жолчка

[уреди | уреди извор]
  • Хепатичната жолчка има златно- жолта боја (поради присуство на билирубин) додека жолчката од жолчното ќесе има кафеаво- зелена боја (поради присуството на биливердин). Хепарните клетки постојано создаваат жолчка, која преку жолчните канали се уфрла во дванаесетпалечното црево за време на варење на храната. Надвор од периодот на варење дванаесетпалечното црево, жолчката се акумулира во жолчното ќесе во кое доаѓа преку ductus cysticus. Во жолчното ќесе жолчката се концентрира поради ресорпцијата на водата. На тој начин овозможено е да се концентрира релативно голема количина жолчка (50ml). Во тек на 24 часа хепарот продуцира 800- 1000 ml жолчка.

Покрај водата, жолчката содржи неоргански и органски материи. Веќе спомнатите жолчни бои билирубин и биливердин претставуваат производи на крвната боја хемоглобин.

  • Од органските материи, во жолчката се наоѓаат уште жолчни киселини, холестерол, лецитин и муцини . Присуството на овие материи во жолчката, истата ја прават да биде густа и лигава течност со изразито горчлив вкус.
  • Од неорганските материи најмногу се застапени хлориди и бикарбонати, а од јоните, јонот на натриумот. Хемиската реакција на жолчката е алкална. Жолчката не е дигестивен сок бидејќи не содржи ферменти, меѓутоа присуството на жолчката во цревата е неопходно за варење на некои хранливи материи. По својата природа, жолчката претставува во исто време и секрет и ескрет, бидејќи преку жолчката, а потоа и преку изметот се елиминираат во надворешната средина крајните производи на некои материи.
Местоположба на Жолчката, Црниот дроб и Панкреасот

Улога на жолчката

[уреди | уреди извор]

Улогата во процесот на варење на хранта: во присуство на жолчката активноста на сите ферменти се засилува, а особено активноста на липолитичките ферменти. Под влијание на жолчните киселини, маснотиите се емулгираат што за дваесет пати го забрзува процесот на нивното разлагање од страна на ферментот липаза. Жолчните киселини, врзувајќи се со масните киселини, создаваат комплексни соединенија погодни за ресорпција. Освен тоа, присуството на жолчните киселини е неопходно за правилна ресорпција на липосолубиналните витамини (A, D, K и E). Со својата алкална реакција жолчката учествува во неутрализација на киселиот желудочен химус што од желудникот доаѓа во дванаесетпалечното црево. Присуството на жолчката во дванаесетпалечното црево претставува стимуланс за лачење на панкреасниот сок. Дел од ресорбираните соли на жолчните киселини преку крвта доаѓаат во хепарните клетки и ги поттикнуваат да создаваат и да лачат поголема количина жолчка. Извсен број материи кога ќе навлезат во дванаесетпалечното црево дејствуваат стимулативно врз хепатоцитите со што се засилува создавањето на жолчката. Овие материи ги нарекуваме холагогни материи. Меѓу овие материи се вбројуваат следниве: хлороводородната киселина од желудечниот сок, жолчката од јајцето, самата жолчка, киселата вода, производи од белковинското варење (албумози, пептони, полипептиди) итн.

    1. Материите како што се: гастринот, секретинот и холецистокинот не само што вршат стимулација на хепатоцитите да продуцираат жолчка, туку во процесот на варење на храната тие дејствуваат и врз празнењето на жолчното ќесе на тој начин што ја стимулираат контракцијата на жолчното ќесе, а истовремено го намалуваат тонусот на Одиевиот сфинктер.
    2. Од хепарот и од жолчното ќесе жолчката влегува во дванаесетпалечното црево сè до оној момент додека во дванаесетпалечното црево има хранливи материи. Сфинктерот на Оди се затвора во моментот кога последниот дел од оброкот од храната го напушта дванаесетпалечното црево. Жолчката што потоа се создава оди во жолчното ќесе, тука се концентрира и депонира до наредниот оброк.

Врз продукцијата и лачењето на жолчката има влијание и нервниот систем. Симпатичкиот нервен систем дејствува инхибиторно врз создавањето и лачењето на жолчката во споредба со парасимпатичкиот (вагус) кој дејствува стимулативно врз двете функции.

Жолчката кај животните

[уреди | уреди извор]

Повеќето ’рбетници имаат жолчка, додека безрбетници немаат. Сепак, нејзината форма и распоредот на жолчните канали може да се разликуваат. Кај многу видови, постојат неколку одделни канали за водење на материите во цревата, наместо еден заеднички жолчен канал.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Портал од областа на медицината Архивирано на 9 октомври 2013 г.