Кинеска кујна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Типична трпеза во покраината Џангсу

Кинеската кујна (кинески: 中國菜, пинјин: zhōngguó cài, мак. тр. „џунггуо цај“) води потекло од разните региони во Кина и денес е распространета во речиси сите земји ширум светот.

Регионалните култури во Кина се разликуваат една од друга во голема мера, па така се разликува и нивната храна. Во Кина постојат осум главни регионални кујни: анхуејска, кантонска, сечуанска, фуџенска, хунанска, џеџаншка, џангсуанска и шандуншка. Постојат и будистичка и муслиманска поткујни во рамките на пошироката кинеска кујна.

Кујна[уреди]

Оброкот во кинеската култура обично се состои од два или повеќе дела: (1) јаглехидратен или скробен дел, познат како 主食 („чуши“ = главна храна) — обично ориз, нудли или манти, и (2) придружни јадења зеленчук, месо, риба или други храни, познати како 菜 („цај“ = зеленчук). Ова културно поимување прилично се разликува од западните кујни, каде изворот на животински белковини се смета за главно јадење.

Нудлите се мошне важен дел од кинеската кујна. Во многу делови од Кина, особено во северна Кина, предоминираат пченичните производи како нудлите и мантите, додека пак во јужна Кина предоминира оризот. И покрај важноста на оризот во кинеската култура, по крајно формални прилики оризот сосема се испушта; во таков случај оризот се служи само кога сите други јадења се завршени, или пак како симболично јадење од пржен ориз на крајот на оброкот. супите и чорбите се служат на почетокот на оброкот, освен во јужна Кина, каде се служат на крајот.

За разлика од другите кујни, оброкот во Кина не завршува со десерт. Слатко јадење може да се послужи само на крајот на формалните ручеци или гозби, и истото се состои од овошје или слатка чорба (糖水 = шеќерна вода) која се служи топла.

Јадења на национално ниво[уреди]

Постојат многу јадења кои се сметаат за заедничко кинески јадења како дел од националната кујна. Еве списоци на почестите јадења во Кина:

Прибор за јадење[уреди]

Во кинеската култура, стапчињата се главниот прибор за јадење на цврсти храни, додека супите, чорбите и другите течности се консумираат со широка, лажица со рамно дно (традиционално керамичка). Секојдневните стапчиња се изработуваат од дрво, пластика или бамбус, додека полуксузните стапчиња се прават од слонова коска и сребро.

Изглед[уреди]

Гозба во двор. Династија Сунг, според оригинал од династија Танг

Највеќето храни во кинеската кујна се припремаат во парчиња со големина на залци, спремни за земање. Во Кина употребата на ножеви и вилушки на маса се смета за варварска бидејќи тие се сметаат за оружје. Исто така се смета за нељубезно гостите да се напрегаат во сечење на храна. Рибата обично се готви и служи цела, па гостите земаат парчиња со стапчињата, за разлика од други кујни каде таа прво се филетира. Ова доаѓа од желбата храната да се служи што по свежа, и поважно, целата риба има културно занчење на целосност на нештата и има исправен почеток (глава) со крај (опашка). Во рестораните често пати служителот ја дели рибата на порции со две вилушки. Пилешкото е исто така мошне популарно во кинеската кујна. Слично на рибата, кокошката се сече на парчиња, но се служи и заедно со утробата и главата за да се запази целовидноста.

Кај кинескиот оброк секој гостин добива свој сад со ориз додека другите јадења се служат на заеднички чинии и сите земаат од нив, залак по залак. Ова значително се разликува од позападните оброци, каде секој гостин однапред добива своја порција со сѐ што треба да се послужи.

Пијалоци[уреди]

Според традиционалните кинески сфаќања, ладните пијалоци се сметаат за лоши по варењето на топлата храна, па така разладена вода и безалкохолни пијалоци не се служат за време на оброкот. Затоа со јадењето обично се служи топол чај или топла вода. Се смета дека тие се полезни за варењето на масните храни. И покрај оваа традиција, денес пивото и безалкохолните пијалоци се популарен додаток на јадењето.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • How to Cook and Eat in Chinese, Buwei Yang Chao, Прво изд. 1945
  • Chinese Table Manners - You Are How You Eat, Eugene Cooper. 1986

Надворешни врски[уреди]