Оброк

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Obroci.jpg
Овие статии се дел од
серијалот oброци
Општопознати оброци...
ПојадокБранчMал ручек
ЧајРучекВечера
Останати оброци...
Втор појадок
Илевенсез
Тифин
Десерт
Ужина
Видете исто така...

Кујна | Кујни


Naslov-kujna.png
Оваа статија е дел
од серијалот Кујна
Готвачки вештини и прибор
ВештиниПрибор
Готвачки мерки
Состојки и видови храна
Зачини и Билки
Сосеви - Супи и ЧорбиДесерти
СирењеТестениниЛеб

Други состојки

Регионални кујни
АзискаАфричка БлискоисточнаЕвропска
ИсточноазискаКарипска Латиноамериканска
Северноамериканска
Други кујни...
Исто така:
Познати готвачи - Кујни - Оброци
Викикниги: Готвач

Оброк е начин на јадење, односно јадење кое се случува во одредено време и вклучува одредено, приготвена храна.

Оброците најчесто се случуваат во домовите, рестораните и кафетериите, но може да се случи на кое било место. Редовните оброци најчесто се случуваат на дневна основа, најчесто неколку пати дневно. Специјални оброци се прават најчесто за некои посебни пригоди како родендени, свадби, годишнини и празници.

Оброк е различно од ужина, оброците се поголеми и се јадат во поголеми количини, додека ужините се помали и со високи калории. Како и да е, секоја храна која се јаде во доста мали количини во неодредено време може да се класифицира како ужина.

Излет е надворешен оброк каде секој си носи своја храна, како сендвич или подготвен оброк (понекогаш во излетничка кошница). Најчесто се одржува во природа или на некое слично место, како парк, шума, плажа или тревник. Банкет е голем, често формален, добро разработен и детален оброк со многу гости и специјалитети.

Оброк од различни јадења[уреди]

Типичнен непалски оброк[уреди]

Повеќето земји од западниот свет следат стандарден редослед на оброци од различни јдења, под влијание на традиционалната француска висока кујна. Секој оброк треба да биде направен со одредена големина и жанр што му доликува на своето место во низата од многуте. Има варијации во зависност од локацијата и обичаите. Ова е заеднично за оброците од различни јадења:

  1. Оброкот започнува со entrée, мала порција која најчесто не содржи црвено месо. Понекогаш е оброк-супа, bisques (супа од француско потекло) популарни entrée (предјадења). Во италија, предјадењето се сервира, најчесто е храна која се јаде директно со раце која не содржи паста (тестенини). Во САД терминот appetizer (мезе) се косисти за да се именува предјадењето, додека пак entrée се однесува на главното јадење.
  2. Ова може да биде проследено со најразлични јадења, вклучувајќи и оброк со риба (полесен оброк) секој со некој вид на зеленчук. Бројот и големината целосно зависи од локаните обичаи.
  3. По ова следува главното јадење или централниот дел од оброкот. Ова е најважниот дел од оброкот, вообичаено е поголема порција отколку другите делови. Главното јадење во САД се нарекува entrée.
  4. Следна е салатата, иако под “салата” може почесто да се мисли на готвен зеленчук, отколку на зеленчукот како свежа салата препознатливо за цел свет.
  5. Оброкот, често завршува со десерт, или топол или ладен, понекогаш сервиран со топло или ладно овошје, како и со соодветно десертно вино.
  6. Оброкот може да продолжи со селекција на сирење, секако со соодветна селекција на вино. Во многу земји, сирењето се служи пред оброкот како закуска, а во САД често се служи после главното јадење, пред десертот, како и во западна Европа. Јаткастите производи како што се ореви, лешнаци, бадеми ... исто така се популарни за после оброкот ( па тако често е кажано “од супа до јаткасти производи” – што значи од почеток до крај) .

Пред оброкот, домаќинот може ќе послужи закуска со соодветно вино или коктел, како и по оброкот домаќинот може ке послужи грицки или благо како на пр.чоколадо, кафе и пијалоци ( коњак, бренди, ликер и сл.). Ова не се смета за дел од оброкот.

Време за јадење[уреди]

Вообичаени оброци[уреди]

Ова се најчестите називи за време за оброк во западниот свет.

  • Доручек, најчесто се случува по саат или два откако личноста ке се разбуди
  • Ручек, најчесто се јаде околу пладне, од 11 – 14 часот. Некаде името се менува во зависност од содржината на оброкот.
  • Вечера, или чај е оброкот кој се јаде навечер. Како и ручекот, така и овој оброк, некаде може да го промени името во зависност од содржината на оброкот.
  • Лесна/неофицијална вечера е оброк кој се јаде доцна навечер или преку ноќ пред спиење.
  • Десертот најчесто се јаде по вечерата. Може да се состои од торта, колачи, свежо овошје или сладолед.

Останати оброци[уреди]

  • Вториот доручек е традиционален оброк кој се сервира при средиата на утрото во централна европа
  • Пауза за кафе/чај или ужинка во 11 часот (elevenses) е ужинката која се случува по доручекот, а пред ручекот
  • Бранч е доцен доручек, обично подолг од вообичаениот, кој исто така ги заменува и доручекот и ручекот и најчесто се случува во неделите
  • Попладневен чај е оброк околу 16 часот, кој се состои од лесна храна како на пр. мали сендвичи, мали тортички и колачи со чај
  • Ладна ужина е британски оброк кој се конзумира рано навечер (околу 17 часот)