Чорба
Шкембе-чорба | |
Вид | супа |
---|---|
Дел од оброкот | предјадење или главен |
Место на потекло | Турција |
Регион | Балкан, Источна Европа, Близок Исток, Северна Африка, Средна Азија, Јужна Азија |
Температура на послужување | топла или ладна |
Главни состојки | месо (јагнешко, телешко, шкембе), риба, зеленчук (печурки, домат, спанаќ, грашок, компир) |
Чорба (турски: çorba) - вид супа карактеристична во националните кујни во балканските земји, Источна Европа, Близок Исток, Северна Африка, Средна Азија, Јужна Азија.
Чорбата потекнува од Турција и се правела пред сè од шкембе[1]. Се правела со пропржување на ситно исечкан кромид на масло, на што се додавале ситно иситнетите парчиња шкембе. Се турало вода и се оставало да се вари на тивок оган.
Сите останати подоцни варијанти на чорби, од друго месо, додавање на зеленчук, сок од лимон и слично, се варијанти на основната чорба.
Во Османлиското Царство постоел дури и еснаф на мајстори за чорба. Кај јаничарите, чинот полковник се нарекувал чорбаџија.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Чорба“ на Ризницата ? |