Прехранување

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јадење)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јадењето или прехранувањето е земањето на храна за да им ги задоволи потребите за исхрана на животните и габите, особено за енергија и раст. Животните и други хетеротропи мора да јадат за да можат да преживеат. Мршојадците јадат други животни, тревопасните животни јадат растенија, сештојадците јадат мешавина од двете, и растенија и животни. Печурките ги варат органските материи надвор од нивните тела, наспрема животните кои ја варат храната во внатрешноста на телата. Јадењето е дневна активност за опстанок.

Јадењето кај луѓето[уреди | уреди извор]

Повеќето домови имаат кујна внатре или пак отворено (во тропските предели) каде што се подготвуваат оброците и храната, а може да има и трпезарија или ходник каде што се јаде, или пак некоја друга соба каде што ќе се јаде. Некои возови имаа вагон- ресторан. Има садови со боја на слонова коска, сребрени садови, садови за пиење и готвење во различни форми и големини. Повеќето општества исто така имаат ресторанти, мали кафетерии каде што се продава и храна, места на отворено каде што се продава готова храна и пијалоци, така што луѓето може да јадат кога се далеку од дома, можат да заштедат време за готвење.

Луѓето најчесто имаат два или три оброка дневно во соодветни термини. Но меѓу оброците се конзумираат грицки или ужинки во мали количини. Но се предлага да се избегнуваат ваквите мали ужинки меѓу оброците, и да се има три оброци (од по 600 калории по оброк) на секои шест часа. Конзумирајќи три добро избалансирани оброци ( со ½ од чинија зеленчук, ¼ протеини (месо) и... ¼ јаглехидрати (тестенини,ориз...) ќе достигне до 1800-2000 калории на ден, кои се препорачливи за особа.

Прашањето за здрава исхрана веќе подолго време е важна грижа на индивидуи и култури. Некои други практики како што се постењето, диетата и вегетаријанството се техники кои ги практикуваат индивидуа за подолг и поздрав живот. Некои религии го промовираат вегетаријанството, сметајќи го козумирањето на животни за погрешно. Нутриционистите сметаат дека наместо три поголеми оброци во текот на денот, подобро за метаболизмот е да се земаат пет помали оброци секој ден. Како и да е, психијатрите од медицинското училиште Yale изјавуваат дека луѓето кои страдаат од компулсивно нарушување на исхраната и конзумираат три оброци тежат помалу од оние кои имаат фреквентни оброци. Јадењето може да биде и начин за заработување.

Позиции при јадењето[уреди | уреди извор]

Позициите при јадењето се разликуваат во различни региони, исто така културата влијае на тоа како луѓето ги јадат своите оброци. Во повеќето земји од средниот Исток седењето на земја додека се јаде се смета за поздрав начин на исхрана отколку седењето покрај маса.

Емоционално јадење[уреди | уреди извор]

Емоционално јадење е “ тенденцијата да се јаде како реакција на негативни емоции ”. Емпириски истражувања покажале дека анксиозноста води до намалена конзумација на храна кај луѓето со нормална тежина и до поголема конзувација кај луѓето кои тежат повеќе од нормалното. Многу лабораториски истражувања покажале дека индивидуите со прекумерна тежина поемотивно реагираат и можат повеќе да прејадат кога се вознемирени отколку луѓето со нормална тежина. Покрај тоа, откриено е дека дебелите лица, многу почесто и поинтензивно реагираат и искажуваат негативни емоции отколку лицата со нормална тежина. Натуралистичките истражувања на Лоу и Фишер ја споредуваа емотивната реактивност и емоционалносто јадење на личност со нормална тежина и личност со прекумерна тежина, лица кои беа студентки. Истражувањата потврдија дека дебелите личности имаат тенденција да прејадуваат, но тоа се ужинки и грицки, а не оброци. Тоа значи дека лицата со прекумерна тежина, преферираат да јадат повеќе ужинки и меѓу оброци, отколку здрави оброци. Едно од можните решенија кои ги предлагаат Лоу и Фишер е да дебелите луѓе често ги јадат своите оброци со други луѓе и нема да јадат повеќе од просечното, што би се должило на намалување на вознемиреноста поради присуството на други луѓе.

Ситост и човечкиот метаболизам[уреди | уреди извор]

Контролата врз внесувањето на храна е психолишки комплекс, систем за мотивирано однесување. Хормони како што се холецестокинин, неуротензин, анероктин, калцитонин, ентеростатин, лептин и хормонот за ослободување се покажале како хормони кои служат за да се потисне внесувањето на храна.

Нарушувања[уреди | уреди извор]

Физиолошки, јадењето генерално е предизвикано од глад, но постојат бројни физички и психички состојби кои можат да влијаат на апетитот и да ги нарушат нормалните навики за јадење. Ова вклучува депресија, алергија на храна, земање на одредени хемикалии, булимија, анорексија, нервоза, хипофизата и други болести и нарушувања на исхраната. Хроничниот недостаток на здрава храна може да предизвика многу болести и на крајот ке доведе до изгладнување. Кога ќе се случи ова во масивни количини, се смета дека е глад. Доколку не е можно човекот да јаде и пие, како што е често случај поради некоја операција, тогаш алтернативите се ентерална и парентерална исхрана.

Поврзано[уреди | уреди извор]