Фридрих Хајнрих Вигерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фридрих Ханјрих Вигерс (германски: Friedrich Heinrich Wiggers или Fridrich Hindrich; 15 март 17463 март 1811) — германски ботаничар кој ги опишал глуварчињата, автор на флора на Холштајн (1780).[1] Се среќава и под латинизираното име „Фредерикус Хенрикус“ (Fredericus Henricus) и алтернативното презиме Wichers.

Бигерс е роден во 1746 г. во Кремпе, Холштајн. Во 1774 г. се запишал на Килскиот универзитет и во 1780 г. ја издал дисертацијата Florae Primitiae holsatica. Во 1784 г. Докторирал медицина. Подоцна се преселил во Апенраде, Шлезвиг, каде се оженил во 1785 г. и имал четири деца.[2] Починал во 1811 г. во Хусум.

Вигерс како ботаничар се означува со стандардната кратенка F.H.Wigg. при наведување на ботаничко име.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Philip Alexander Munz & David D. Keck (1973). A California Flora and Supplement. University of California Press. стр. 1575. 
  2. V. J. Grumman. Biographisches zu Wichers = Wiggers (1746–1811) und Weisz = Weis (1744–1826). „Taxon“ том  11 (5): 167–170. 
  3. „Wiggers, Friedrich Heinrich (Fridrich Hindrich) (1746–1811)“. Author Query. Меѓународен индекс на растителни имиња. конс. November 5, 2011. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]