Википедија:Избрана слика/2021/февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец февруари 2021 година.


1 февруари 2021 2 февруари 2021

Поглед на подрачјето Отробанда во градот Вилемстад, Курасао од мостот „Кралица Ема“.

Геоглифот „Мајмун“ — еден од најпознатите во групата на Насканските линии, јужно Перу.
3 февруари 2021 4 февруари 2021

Дихроична призма.

Живописана врата на манастирот „Ура Кидане Мехрет“ крај езерото Тана, Етиопија.
5 февруари 2021 6 февруари 2021

Викуњи (Vicugna vicugna) во солницата Чалвири, Боливија.

Изгрејсонце над Кукова Планина и Сефтон, Нов Зеланд.
7 февруари 2021 8 февруари 2021

Поглед на храмот „Гинкаку-џи“ во Кјото, Јапонија.

Глетка на градот Портланд во Орегон, САД.
9 февруари 2021 10 февруари 2021

Бегалскиот камп Јида во Јужен Судан, на 20 км од границата со Судан.

Поглед на древната тврдина Масада во Јудеската Пустина, Израел.
11 февруари 2021 12 февруари 2021

Готски тавански сводови на црквата „Св. Александар“ во Марбах на Некар, Германија.

Наземен дрозд (Turdus litsitsirupa) во Боцвана.
13 февруари 2021 14 февруари 2021

Говедарско тиранче (Machetornis rixosa rixosa) како стои врз главата на капибара (Hydrochoeris hydrochaeris) во моклишната област Пантанал, Бразил.

Јурјевската Пештера — споменик на природата на Татарстан, Русија.
15 февруари 2021 16 февруари 2021

Карикатурна разгледница од 1905 г. на која членовите на одборот на најстарото карневалско здружение во Германија се прикажани како шишиња.

Црвеноглава пиранга (Piranga ludoviciana) на гранка во Челси, Њујорк.
17 февруари 2021 18 февруари 2021

Златната капела (Capela Dourada) во Ресифе, Бразил.

Трски во потокот Хојбах во Хаусдилмен кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
19 февруари 2021 20 февруари 2021

Внатрешност на главната катедрала во Сао Паоло. Изградена е во неоготски стил; започната во 1913 г. и завршена по четири децении.

Сузан Бељо и Енри Монтиља како го изведуваат балетот „Дон Кихот“ во Балетскиот дом „Тереза Карењо“ во Каракас, Венецуела.
21 февруари 2021 22 февруари 2021

Трикратното искушение Христово од олтарот на црквата во Санкт Волфганг во Залцкамергут, Горна Австрија. Мајстор Михаел Пахер, 1471–79 г.

Вестполдерскиот мост во Опенхаузен, Фризија, Холандија.
23 февруари 2021 24 февруари 2021

Италијански скакулец (Calliptamus italicus, женка) во Природниот парк „Алваун“, Португалија.

Ручек (1839) — литографија на францускиот уметник Жан-Батист Дебре (1768-1848) кој провел 15 години во Бразил.
25 февруари 2021 26 февруари 2021

Зданието „Александар Мекензи“ во центарот на Сао Паоло. Денес служи како трговски центар.

Одаја во храмот „Дова“ кај Ела, Шри Ланка.
27 февруари 2021 28 февруари 2021

Жолт хирург (Zebrasoma flavescens) — една од најпопуларните риби во поголемите аквариуми.

Копнеж по Неапол (1895) од Берта Вормс (1868-1937).

Намена[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец февруари 2021 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот